Ако новајлија на Стемфорд Бриџ си дозволи да заборави таков луксуз да НЕ го прочита правилникот кој летоска го урами Челси со потпис на Френк Лампард, тогаш постои голема можност да му стигаат дома казни ко на пијан возач. Не за друго, ќе има за плаќање по многу основи.
Сините од Лондон оваа сезона имаат направено правилник за кој се плаќа казна по 12 точки, а седум од нив се за доцнење. 500 фунти за една минута доцнење важи за тимски состанок. Ако го нема некој еден час, тоа се 30.000 фунти.
Во Челси е многу строго, а веројатно така е и во другите премиерлигаши и казните се пропишани согласно огромните плати кои ги земаат. Не се ова суми за кои треба да ги жалиме, бидејќи таму и трет голман да си, ќе можеш без проблеми да платиш било која од овие.
Замислете 10.000 фунти е казна ако не пријавиш повреда пред да заминеш некаде кога нема активности или час и половина пред тренинг, а 20.000 евра е ако не се појавиш на почеток на тренинг.
Правила има и ако сакаш да викнеш жена и деца на тренинг. За тоа мораш да го известиш тренерот еден ден порано.
Ако некој во рок од 14 дена не плати казна, дупло ќе му изнесува.