Во последните неколку недели англискиот репрезентативец дал две големи интервјуа: прво за Џејмс Пирс од The Athletic а после на Гиљем Балаге на BBC Football Daily Podcasts. Откри неколку интересни детали од својата кариера и приватен живот.
СТАСАЛ ВО ЛИВЕРПУЛ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЛОТАРИЈА
Трент (21) е роден во градот Ливерпул. Цело детство го поминал на неколку блока од „Енфилд“. И цел живот навивал за клубот чиј капитен го имал на постер во својата соба. А имал и од Џејми Карагер.
Но како што е многу познато, да се влезе во академијата на некој топ клуб не е баш така едноставно.
„Имав 6 години тогаш. Клубот организираше летен фудбалски камп во базата на академијата. Во школо кај нас стигнаа 6-7 покани и сите деца сакаа да добијат. Тогаш решија да влечат ждрепка. Мене ми се посреќи: ми го прочитаа името на ливче извадено од шапка. Пред да одам на проба многу бев возбуден и не спиев цела ноќ.
Но после пар часа по тренингот кај мајка ми дошле тренерите од Ливерпул и ја прашале дали може да ме носи 2-3 пати неделно во академијата на тренинг“.
РОДИТЕЛИТЕ МУ БРАНЕЛЕ ДА ИГРА ЗОШТО ИМАЛ СЛАБИ ОЦЕНИ ВО ШКОЛО
Александер Трент-Арнолд одел на тренинг напладне, па мајка му и татко му не биле баш најсреќни зошто Трент пропуштал многу од материјалот во школото. Александер сакал да игра уште, но родителите му поставиле услов:
„Кога имав слаби оценки, мајка ми му ѕвонеше на тренерот и му збореше дека јас многу слабо учам и дека нема да играм фудбал. Беше многу сериозна“, се сеќава бекот на “црвените“.
Трент има уште 2 браќа - Тајлер и Марсел. Едниот е постар 4 години, а другиот помал 4 години.
„Подобар сум од постариот брат во сите видови спортови. Можно е само подобро да плива од мене. И попаметен е од мене. Во детството јас многу играв фудбал против него и неговите другари и тоа беше голем предизвик: постарите секогаш ме фаулираа, ме удираа, не можеа да ме сопрат“, се сеќава репрезентативецот на Англија.
Интересно Трент ден-денес живее со мајка му и татко му, иако во Ливерпул заработува преку 50.000 фунти неделно.
ИГРАЛ ВО СРЕДЕН РЕД, НО ТРЕНЕРИТЕ ОД АКАДЕМИЈАТА ГО НАПРАВИЛЕ ДЕСЕН БЕК
Трент Арнолд многу зборува за младинската школа и тамошните тренери. Во подготвителниот систем на Ливерпул поминал буквално се. Но имал сериозен проблем - бил немирен и често го исклучувале.
„Не знаев достојно да губам. Ако направев грешка, се губев на теренот после две три минути. Ако мојот тим губеше, во нервоза рогав топки, жестоко викав. Тоа беше многу неправилно“.
Најмногу му помогнал тренерот на младинците Алекс Инглторп:
„Тој прв истапи против моето поведение. Рече дека мојот однос го попречува фудбалскиот развој. Цела сезона работевме над тоа за да прекинам со глупости“.
Денес Арнолд на терен речиси секогаш делува спокоен и мирен. а Алекс Инглторп веќе работи како директор на академијата на Ливерпул каде Трент играл речиси на сите позиции, само голман не бил.
„Во академијата играв крило, а во аматерската лига во центарот на игралиштето. Давав голови и водев игра. На 12-13 години на кратко ме префрлија во центарот на одбраната како стопер. На 15 години кај Пеп Линдерс играв последен играч за врска. Сакав да го диктирам темпото на игра и да се приклучам во нападот. Таму имав слобода“.
На 17 години Трент и Алекс Инглторп се договориле да ја сменат позицијата на младиот талент во тимот U-18.
„Кога со тренерот Мајкл Бил увидовме колку сум корисен и добар како десен бек, сфативме дека тоа е најбрз пат до првиот тим. Тогаш во прв тим само Нет Клајн и Конор Рендал. Конкуренцијата беше мала, затоа станав десен бек“.
ДЕБИТО, ПОДЕМИ И ПАДОВИ, ФИНАЛЕ НА ЛШ
Набрзо Трент го остварил сонот и дебитирал за првиот тим на Ливерпул. По сериозната повреда на десниот бек Клајн, Александер Трент-Арнолд стана стандарден крај десната аут линија. Сега признава дека сака да игра и крило, а дека може да биде плејмејкер.
Јирген Клоп од него направи чудо од играч. Прво го пуштил да дебитира во Лига Купот, а Трент и цело време тренирал со првиот состав. Пред големото дерби со Манчестер Јунајтед Клејн одново се пворедил, а Јирген отишол кај Трент:
„На буквално три часа пред мечот ми кажа дека сум во првиот тим. Помислив дека тоа е зошто Клејн не игра, но само што ми кажа Клоп почнавме да се собираме за мечот. Немав време да мислам на ништо“, вели Трент за своето деби во Премиер лигата против лутиот ривал Јунајтед
А на вториот меч против Манчестер го имаше првиот пад во очите на стручниот штаб - Рашфорд од неговата страна даде 2 гола во првите 25 минути и Трент беше очаен.
После мечот барал совети од Алекс Инглторп, а шефот на академијата на Ливерпул му ги кажал сите грешки. После пар недели Трент „го тури во џеб“ Лерој Сане во Лигата на шампионите.
УЧЕЛ СЛОБОДНИ УДАРИ ОД КУТИЊО
Четири од своите пет гола за Ливерпул Трент ги даде од слободен удар. Тој важи за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Премиер лигата. Првиот го постигна во сезоната 2017/2018 против Хофенхајм во Лига на шампиони.
„На тој меч не играше Фил Кутињо, па се постави прашање кој да изведува слободни. Хендерсон му ја зеде топката на Алберто Морено и му рече: „Нека проба Трент“. Многу ми значеше таа подршка“, вели Арнолд.
Тој признава дека најмногу научил како да изведува слободни удари од Бразилецот Кутињо, од Емре Џан, од Алберто Морено и од Џини Вејналдум.
СЕ ЗАФРКАВАЛЕ СО РОБЕРТСОН КОЈ ИМА ПОВЕЌЕ АСИСТЕНЦИИ
Двата бека на Ливерпул минаата сезона развалија во Премиер лига. И Трент, и Енди Робертсон го урнаа рекордот по бројот на асистенции од страна на бекови. Најдобар пример беше мечот против Вотфорд кога Александер-Арнолд забележа три асистенции а Енди две. Ливерпул тогаш славеше со 5:0.
„За време на пред-сезоната му кажав на Енди дека ќе имам повеќе голови и асистенции од него. На крајот од сезоната трката уште траеше. На еден меч јас имав хет-трик од асистенции, но пак една помалку од него. За ништо друго не сме се зезале колку за тоа кој има повеќе“, се смее Трент.
Финалето во Киев против Реал Мадрид бил најтежок момент во неговата досегашна кариера.
„Можно е да не заслуживме да го изгубиме тој меч, но дента како се да беше против нас. Реал не победи како деца. После тоа кога примивме третиот гол, просто сите очекуваа судијата да отсвири крај - не можевме шанса да створиме.
Во одбрана не игравме лошо. Погледнете ги сите три гола: во тие моменти ние ништо не можевме да направиме. Три просто неверојатни голови, а останатото е историја“, се сеќава Трент и индиректно потсеќа на грешките на Кариус кои скапо го чинеа Ливерпул.
Десниот бек вели дека тој момент и тој пораз ја направил посилна екипата. Научиле како да играат на наула и просто созреале. Веќе во следното финале на ЛШ против Тотенхем во Мадрид им било многу полесно.
Титулата европски шампион станала најдобар момент во неговиот живот:
„После мечот не спиев цела ноќ. Сакав да уживам во секоја минута. А парадата! Па ти не можеш да сфатиш колку е важен клубот за луѓето. Навивачите не бодрат на секој меч, но ова беше просто на друго ниво. Секој пат кога автобусот одеше зад друг агол, гледавме весели лица на луѓето. И сите пееја!“.