Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Правдата победи на крај: Сенегал останува шампион на Африка

25 November 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На 18-ти јануари 2026-та година Африканската фудбалска конфедерација (CAF) неосновано му ја одзеде титулата на Сенегал освоена во контроверзното финале на Куп на Африкански нации после што Сенегалците се жалеа на Арбитражниот суд за спорт во Лозана.
  • Сенегал го победи Мароко во најскандалозното финале на Куп на Африкански нации играно токму во Мароко. Сенегалците во таа 2025-та во финалето поминаа низ разни опструкции, го напуштија теренот, поради судиски и други неправди, но капитенот Садио Мане ги врати и победија јуначки на гостински терен пред повеќе од 60.000 противнички навивачи.
  • Мароканците се жалеа во Африканската фудбалска конфедерација дека Сенегалците биле надвор од теренот повеќе од 15 минути колку што налагаат правилата, па CAF 57 дена после финалето излезе со скандалозна одлука со која ја прогласи победата на Сенегал од 1:0 за невалидна и службена победа од 3:0 му додели на Мароко.
  • Сега Арбитражниот суд за спорт во Лозана му ја врати назад титулата на Сенегал кој е конечен шампион на финалето на АФКОН 2025.
извор

Лажна вест за лав во близина на Истанбул пред натпревар од Лига на шампиони

24 November 2026
  • Share
  • Post
  • Во Истанбул од неделата „траела“ медиумска и теренска потрага по лав во една од блиските шуми надвор од градот откако се појавила вест дека лав бил фатен на термална камера, па некои лица и пријавиле во најблиската полициска станица. Оваа вест го исплашила населението во градот но брзо надлежните власти ги смириле со информација дека животното на наводната безбедносна камера во шума не е ниту лав ниту е воопшто животно.
  • Од канцеларијата на градоначалникот на Истанбул рекле дека нема конкретен доказ дека лав се појавил во шума кај населбата Сариер близу Ушкумрукој на 10-ина километри од стадионот на Галатасарај и дека завршила потрага која почнала во неделата вечер откако некој објавил фотографија од термална камера на која наводно се гледа лавица.
  • Вечерва во Лига на шампиони во Истанбул играат Галатасарај и Астон Вила од 18:45 часот и тој натпревар ќе се игра како што е предвидено без никакво одложување.
извор

Червар: Ракометарите не се животни

23 November 2026
  • Share
  • Post
  • Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза. 
  • Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена. 
  • „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Клековски да не се секира до толку што правиме со наши пари

2

Половина скопски објекти не се оданочени

3

Филип и Јулија, братче и сестриче

Балканштина
4

Во знак на лајк, дигаме прс

Македонштина
5

Европска бирократија од 47.600 страници

6

Распеани коментари за сармата

Балканштина
7

Уште не почнато, гол падна

Фудбал
8

Спремајте се, доаѓа време на слави

Балканштина
1

Уште не почнато, гол падна

Фудбал
2

Де Хеа где је лопта?

Фудбал
3

Што правеа Јокиќ и Адамс под кош?

Кошарка
4

Петарда на Реал Мадрид за едно полувреме, Манчестер Сити до реми со Наполи

Фудбал
5

Што повеќе го гледаш толку подобро изгледа

Фудбал
6

Крушка под крушка паѓа - син му на Руд ван Нистелрој дава голови како татко му

Фудбал
7

Ја рогна и предизвика судар

Фудбал
8

Легендарниот спонзор се враќа на дресовите на Ајакс

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Разно

Аплауз за Димитрија

Балканштина

Филип и Јулија, братче и сестриче

Македонштина

Во знак на лајк, дигаме прс

Балканштина

Распеани коментари за сармата

Балканштина

Спремајте се, доаѓа време на слави

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Видео виц на денот број 2

Правда за Трамп

Бабата е дебела затоа што е полна со љубов

Резервна женска желба

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy