Шок во мотоспортот: Марк Маркез се повлекува и заминува во пензија

Големиот шампион на Мото ГП карванот Марк Маркез ја шокирал јавноста откако пред трката на неговата омилена патека во Валенсија објави дека тоа ќе биде негова последна трка во кариерата и дека се повлекува во пензија. Откако ја освои 10. јубилејна титула сите го гледаа во Дукати но тој става точка на богатата кариера.

Големиот шампион Марк Маркез (33) одлуката ја соопшти на необичен начин, преку пишани пароли на неколку листови, и тоа во Валенсија на истото место каде пред точно пет години од активното возење во МотоГП се повлече легендарниот доктор Валентино Роси.

Шпанецот Маркез ја изненади јавноста пред првиот тренинг во Шпанија а веста за неговото повлекување набрзо се прошири ширум целиот свет и љубителите на мотоспортот.

10-кратниот светски шампион зад себе има сезона во која стигна до фамозната 10-та светска титула, а осма во најсилна класа на МотоГП. Со тоа уште еднаш удри печат на статусот за еден од најдобрите мотоциклисти на сите времиња.

Марк Маркез имаше бројни повреди, операции, две тешки повреди на рамениците, долги опоравувања и периоди кога изгледаше дека веќе никогаш нема да се врати на патеката. Но не само што се врати туку со Дукати се искачи на врвот пак и тоа беше еден од најголемите подвизи во светот на спортот.

Последната трка од МотоГП ќе ја вози во недела во Валенсија каде ќе се збогува со своите навивачи.

Марк Маркез со Дукати е апсолутен лидер во моментов во генералниот пласман на МотоГП со 545 бода (11 победи, 15 подиуми). Зад него е неговиот роден брат Алекс Маркез од БК8 Гресини Рејсинг со 467 бода (3 победи, 12 подиуми), а трет е Марко Беѕеки од Априлија Рејсинг со 353 бода (3 победи, 12 подиуми).

27 ноември 2026 - 12:03