Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

„Македонци претерали“

27 November 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Македонци претерали“ беше еден од многуте наслови на оваа тема уште пред неколку месеци. Не секој проблем се решава со „дајте друго дете“, во случајов дај друг пасош, уште повеќе ако се знае дека во минатото еден поранешен претседател на федерацијата беше обвинуван дека направил богатство токму од делење македонски пасоши на странски кошаркари.
  • Сакаме да веруваме дека во нашата федерација сега причините се кошаркарски, не финансиски, но и да е така, време е да се престане со праксата. Сестина, Мур, Стјуард и Рајт… Четири евролигашки играчи, со добиени македонски пасоши во изминатите 12 месеци. За што? За да губиме од Кипар?
  • Ако не им е јасно на луѓето во „куќата на кошарката“, дефинитивно треба да реагираат оние од институциите, да стават крај на ова делење македонски пасоши во спорт каде право на настап има само еден таков натурализиран странец по натпревар.
  • А Македонија имаше селектор, домашен тренер што почна да ги спојува коцките во мозаикот и ги почна претквалификациите со сигурни победи. И тој беше сменет за да дојде странец, да се фали дека ги победил Ирска и Луксембург и фијаското од Кипар да го оцени како „само еден пораз“, пишува Стеван Цаневски за Екипа.мк
извор

Авионот на Бешикташ погоден од молњи и громови, принудно го слетале

26 November 2026
  • Share
  • Post
  • Фудбалерите, стручниот штаб и луѓето од управата на Бешикташ морале принудно да слетаат на аеродромот Ризе-Артвин во Турција по поаѓањето од Истанбул, затоа што во текот на летот во воздушниот простор на Грузија каде што треба да играат со израелски Хапоел Бер Шева, приватниот авион бил погоден од молњи и громови неколку пати и доживеал големи турбуленции.
  • Според пишувањата на турски Хабер7, луѓе од Бешикташ за каналот ТРТ Спор рекле дека турбуленциите биле мошне сериозни и дека пилотите решиле да го слетаат принудно на аеродромот во градот Ризе. А од таму фудбалерите со автобус и автомобили се упатиле кон Батуми во Грузија.
  • „Ова беше најстрашен лет што некогаш сме го имале во нашите животи“, рекол некој од управата на Бешикташ.
  • Бешикташ е домаќин на Хапоел Бер Шева во Грузија поради тоа што израелските екипи не гостуваат во Турција од безбедносни причини по војната со Палестина. Израелските клубови воглавно се домаќини во Бачка Топола (Србија), Букурешт (Романија) и во Унгарија и Бугарија.
извор

Војдан Стојановски: 100 пати Македонија – една голема љубов!

26 November 2026
  • Share
  • Post
  • Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, денеска ќе испише нова страница во историјата на македонската кошарка. На дуелот против Кипар, кој се игра од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, искусниот кошаркар ќе го забележи својот јубилеен 100. настап во националниот дрес.
  • Приказната на Војдан во сениорскиот национален тим започна во 2008 година, кога го доби првиот повик од тогашниот селектор Јовица Арсиќ.
  • „Дресот на Македонија за мене отсекогаш бил светост. Чувството да се игра за својата земја е посебно и секогаш е исто, без разлика дали настапуваме на Европско првенство или играме квалификации и претквалификации.
  • Горд сум што имам можност толку години да ја претставувам Македонија и што стигнав до бројката од 100 натпревари. Тоа е голема чест за мене, но и мотив да продолжам да го давам максимумот. За репрезентацијата секогаш ќе бидам тука, додека ѝ треба мојата помош“, ни изјави капитенот Војдан Стојановски.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

2

Што е убаво кога ќе дојдат стручните

Балканштина
3

Галеријата НАД Собранието

Мислења
4

Старо Скопје

Македонштина
5

Резултати од последниот систематски преглед

Балканштина
6

Како ви звучи „Македонија на Македонците?“

Разно
7

Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната кон Медитеранот

8

Да му веруваш на дедо

Македонски рулет
1

Тренерот на Црвена Ѕвезда збесна на прашање за Гаштаров

Фудбал
2

Бруно Ферндандеш сам случајно го копнал бусенот за голот

Фудбал
3

Дивјачки сцени во Марсеј, жена јадеше боксови

Навивачи
4

Остри реакции од бугарските и француските власти за крвавите сцени во Марсеј

Навивачи
5

Павловиќ со несмасен автогол му подари триумф на Лил, Рома се спаси во Париз

Фудбал
6

Дечки, можеби Лига на шампиони и не е за вас

Фудбал
7

Итудис претера

Кошарка
8

Како Лазо Лечиќ го победил Дуда Ивковиќ со помош на гулаби

Кошарка
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Чесен Титов пионерски збор

Балканштина

Резултати од последниот систематски преглед

Македонштина

Старо Скопје

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Медиуми

Информер пука по шавови

Разно

Аплауз за Димитрија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Google Maps не го може ова

Што пееше Гркот убиен од фашист?

Папучар

Хрушчов во Скопје и ред други балканштини

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy