Надал се врати од 1-5, спаси меч топка и на крај победи

Првиот тенисер на светот, Рафа Надал забележа спектакуларна победа во второто коло од завршниот Мастерс во сезоната. Рафа го совлада Данил Медведев со 6:7, 6:3, 7:6. Во третиот сет Шпанецот губеше со 1:5 а Русинот во седмиот гем имаше меч топка. После тргна фуријата.

Надал сега има по една победа и пораз во групата „Агаси“, а Медведев има два порази и ги изгуби шансите да оди во следна рунда.

14 ноември 2019 - 10:46