Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Загрозен вид: тениски судија

Мислевте дека тенисот е безопасен спорт? И оваа судијка го мислеше тоа се додека Марди Фиш не дојде на Вимблдон со неговиот сервис од 190 км/ч. А пред само две недели настрада уште еден судија на турнир во Лондон.

Му најдоа занимација на Реина

Пепе Реина, резервата на Икер Касиљас, има освоено повеќе трофеи отколку што има одиграно натпревари за Шпанија. А за да не му биде досадно, му најдоа и него занимација.

Големиот Икер Касиљас

Икер Касиљас уште еднаш потврди дека е голем џентлмен на теренот. Во последните секунди од финалето на Европското првенство против Италија, тој побара од помошниот судија да се свири крај на натпреварот од почит кон противникот.

Ништо не е загубено

И покрај поразот на стартот на предолимпискиот квалификациски турнир во Венецуела од репрезентецијата на Ангола, селекторот на Македонија, Марјан Лазовски верува дека ништо не е загубено и тимот е се уште самоуверен.

Македонија изненадена од Ангола

Со една добра четвртина не се обезбедува Олимписка виза. Оваа лекција денес нашите кошаркари ја добија од репрезентацијата на Ангола при поразот на стартот од предолимпискиот квалификациски турнир во Венецуела.

Лондон виа Каракас

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја има последната шанса да ја сруши лошата традицијата на македонскиот спорт и на Олимписките игри во Лондон нашата држава да биде претставена од многубројна делегација наместо со спортисти кои можат да се пребројат на една рака.

ЕУРО 2012 видео драма

Крајот на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина беше одбележан со одлични видео монтажи од BBC и ESPN.

Андрес Иниеста е кралот на ЕУРО 2012

Шпанците доминираат и во тимот од најдобрите 23 фудбалери, а за најдобар играч на Европското првенство во Полска и Украина, техничкиот тим на УЕФА го прогласи шампионот Андрес Иниеста.

Проблематичниот Бенабад повторно напаѓа

Францускиот олимпиец Махидин Мекиси Бенабад повторно предизвика инцидент на атлетско натпреварување.

Кој ја мрдна шипката?

Настја Лиукин е една од најпознатите и најдобрите гимнастичарки во САД, но таа не се избори за настап на Олимписките игри во Лондон. Еве зошто.

Шпанците се запишаа во историја

На патот кон европската титула, репрезентацијата на Шпанија освен што прими само еден гол на цело првенство и во финалето ја демолираше Италија со 4:0, тие израмнија и срушија уште неколку рекорди од фудбалската историја.

Златната копачка за Фернандо Торес

Човекот кој ја одигра својата најслаба сезона во кариерата во дресот на Челси, покрај трофеите од Европското првенство и Лигата на шампиони, ја освои и наградата за најдобар стрелец на ЕУРО 2012.

Шпанија повторно на врвот на Европа

Во борба за европската титула, актуелниот шампион беше немилосрден со Италија и победи со високи 4:0. Шпанија е првата репрезентација која освоила три првенства во серија по триумфите на ЕУРО 2008 и СП 2010 и првата репрезентација која си ја одбранила европската титула.

Шпанија против Италија и традицијата

Дојде денот кој го чекавме четири години. На финалето на ЕУРО 2012, Италија ќе се обиде да ја спречи Шпанија да стане првата репрезентација која освоила три првенства во серија по триумфите на ЕУРО 2008 и СП 2010, но и првата репрезентација која си ја одбранила европската титула.

Керол на рехабилитација

Многу му падна тешко на Енди Керол по елиминацијата на Англија од Европското првенство, па тој мораше да замине на итна рехабилитација.

 

Стартува 99. издание на Тур де Франс

Започна велосипедската трка „Тур де Франс". Од белгискиот град Лиеж, па се до Париз, во следните три недели велосипедистите ќе поминат 3.500 километри во 21 етапа по кои Кадел Еванс ќе се обиде да ја одбрани титулата од минатата година.

Сите голови на ЕУРО 2012

Во пресрет на големото финале помеѓу Шпанија и Италија, да се потсетиме на сите голови од Европското првенство.

Фудбалската химна која го освои светот

Една мелодија ги освои срцата на сите фудбалски навивачи од целиот свет до толку што организаторите на Европското првенство во Полска и Украина решија да ја пуштаат по секој постигнат гол. Како Seven nation army на White Stripes стана фудбалска химна?

Посвоениот палавко стана херој на Италија

Емигрантите од Гана, Томас и Роуз Барвуа во 1990-та година го прославија раѓањето на својот син Марио, но 22 години подоцна кога тој стана најголема ѕвезда во Италија, своите голови ги посвети на неговата бела мајка Силвија Балотели. Еве ја приказната за новиот италијански херој.

Шпанија фаворит пред Италија

Пред почетокот на Европското првенство, репрезентациите на Германија и Шпанија беа прогласени за најголеми фаворити според кладилниците, а и покрај одличното издание на Италија во полуфиналето, Шпанците останаа фаворити и за финалето.

Италија го слави Супер Марио, Германија во шок

"GIGANTI D'ITALITA" осамна на една од насловните во италијанските весници, додека во Германија најчесто употребуван збор во извештајите од полуфиналниот натпревар против Италија е зборот „кошмар".