Себастијан Фетел има предност од 13 поени во однос на Фернандо Алонсо, па така тој ќе биде шампион доколку:
- Заврши на првите четири позиции
- Заврши како петти, шести или седми, но Алонсо да не победи
- Заврши како осми или девети, но Алонсо да биде на трета или послаба позиција
- Заврши десетти или воопшто не ја заврши трката, но Алонсо да не биде на први три позиции
Од 19 трки оваа сезона, 15 имале епилог каков што му одговара на Фетел на оваа трка да стане шампион.
Фернандо Алонсо може да стане шампион само ако биде на подиумот. Тоа му успеа на 12 од 19 трки и на четири последни во серија. Тој ќе биде шампион ако:
- Заврши прв, но Фетел да не е во првите четири
- Заврши втор, но Фетел да е на осма или послаба позиција
- Заврши трет, но Фетел да не е во првите девет.
Од 19 трки оваа сезона, ниту една немала епилог како што му одговара на Алонсо на оваа трка да стане шампион.