Фетел стана најмладиот трикратен првак во Формула 1

Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо ја водеа битката за титулата во Формула 1 шампионатот, но Германецот по последните 71 круг на трката во Бразил заврши на шестата позиција што беше доволно за освојување на третата титула во серија.

Себастијан Фетел и натаму владее во Формула 1. Германецот ја освои и третата титула во серија и стана најмалиот возач во историјата на Форумула 1 шампионатот кој успеал да освои три шампионски титули.

На возбудливата и дождлива трка во Бразил, триумфираше Џенсон Батон, втор беше Фернандо Алонсо, а Фетел заврши на шестата позиција, но во генералниот пласман заврши со три поени повеќе од Алонсо.

Трката стартуваше лошо за Фетел кој по мешаницата уште во првиот круг падна на последната позиција и тоа со оштетен болид, но до крајот успеа да стигна до шестото место.

По возбудливи 71 круг во кои болидите често велгуваа во пит-стоп заради лошите временски услови, Батон дојде до 15-та победа во кариерата, Алонсо беше втор, а на пиедесталот се искачи и Фелипе Маса кој на десет круга пред крајот му ја препушти втората позиција на својот клупски колега.

Четврти беше Марк Вебер, Нико Хулкенберг петти, шампионот Фетел шести, а на седмата позиција заврши Михаел Шумахер кој со оваа трка повторно се збогуваше од Формула 1 шампионатот.

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН:
1. Себастијан Фетел (Ред Бул) 281 поен
2. Фернандно Алонсо (Ферари) 278
3. Кими Раиконен (Лотус) 207
4. Луис Хамилтон (Мекларен) 190
5. Џенсон Батон (Мекларен) 188

КОНСТРУКТОРИ:
1. Ред Бул 460 поени
2. Ферари 400
3. Мекларен 378
4. Лотус 303
5. Мерцедес 142

25 ноември 2012 - 18:57