Само неколку часа откако беше објавено соопштението за отказот на Роберто Ди Матео, Челси објави и ново соопштение за назначувањето на Рафаел Бенитез на тренерската позиција до крајот на сезоната.
„Сопственикот и Управниот одбор на клубот веруваат дека Бенитез е тренер со значајно искуство на највисоко ниво во фудбалот кој може да помогне да се остварат целите", пишува во соопштението на лондонскиот клуб.
Меѓутоа англиските медиуми шпекулираат дека со краткорочното назначување на Бенитез за тренер, сопственикот Роман Абрамович сака да остави простор за доведување на Пеп Гвардиола на крајот од сезоната.
Агентите на Гвардиола инсистираат дека нивниот клиент нема намера ниту да разговара за нова работа барем до јануари.
По заминувањето од Барселона, Гвардиола најави дека сака да се одмори од фудбал, а на одмор најверојатно ќе биде до крајот на сезоната, до кога и ќе му истече договорот на Бенитез во Челси.