Навивачите на Галатасарај повторно организираа „топло" добредојде за Манчестер Јунајтед и се обидоа да ги потсетат на пеколот од 1993-та година кога по 3:3 во Англија, натпреварот во Истанбул заврши со 0:0 и „Црвените ѓаволи" беа елиминирани.
Алекс Фергусон овој пат имаше среќа затоа што полицијата употреби солзавец и не им дозволи на навивачите да влезат во аеродромската зграда.
Ситуацијата се обиде да ја смири директорот на турскиот клуб кој им порача на навивачите дека Галатасарај е голем клуб и треба му возврати на противникот со почит и топло добредојде како што и тие биле пречекани во Манчестер.
Манчестер Јунајтед има 12 поени и веќе обезбеди пласман во следната фаза, па Алекс Фергусон можеше да си дозволи да остави во Англија дел од своите ѕвезди. Галатасарај има четири поени, исто колку и Клуж, а Брага има еден поен помалку и победата вечерва е императив за турскиот клуб.
Интересна ќе биде и битката во Торино каде гостува Челси. Актуелниот шампион ќе има тешка задача против Јувентус, но и против традицијата затоа што тие до сега имаат победено само на еден натпревар во Италија.
Во групата Ф се среќаваат Валенсија и Баерн Минхен во реприза од финалето во 2001-та година.
Група Е:
Јувентус - Челзи
Нордсјиланд - Шахтјор
Група Ф:
БАТЕ Борисов - Лил (18 ч)
Валенсија - Баерн Минхен.
Група Г:
Спартак Москва - Барселона (18ч)
Бенфика - Селтик
Група Х:
Галатасарај - Манчестер Јунајтед
Клуж - Брага