Металург одигра одлично прво полувреме и најмногу благодарение на 11-те одбрани на Станиќ, имаше предност од +6, а на паузата замина со предност од 8:12.
На стартот од второто полувреме следеше пад во играта на Металург и ракометарите на македонскиот шампион за десет минути постигнаа само еден гол, а во средината на вториот период домаќините и поведоа со 15:14.
Во трилер-завршницата Металург поведе со 19:20, а Јурецки израмни на 20:20, но во следниот напад домаќините ја искористија грешката на Металург и во контра напад Јурецки ги постави конечните 21:20.
Најефикасни на натпреварот беа Јурецки и Мојсовски со по шест голови, а Станиќ натпреварот го заврши со 17 одбрани.
Следната недела Металург ја пречекува екипата на Шамбери.