Најконтроверзните голови во историјата

Луис Адриано од Шахтјор на натпреварот против Нордсјеланд постигна илеџиски гол кој беше прогласен за најсрамен и еден од најконтроверзните голови во историјата на Лигата на шампиони. Но историјата на фудбалот познава и други контроверзни голови.

Игор Глушчевиќ
Вардар - Спарта Прага 2:3, 13.08.2003
Голот на Глушчевиќ кој го чинеше Вардар пласман во Лигата на шампиони.

Луис Адриано
Нордсјеланд - Шахтјор 2:5, 20.11.2012

Алан Хадсон
Челси - Ипсвич 2:1, 26.09.1970
Топката не влезе во голот, но погодокот на Хадсон беше признат и Челси победи со 2:1.

Тиери Анри
Франција - Ирска 1:1, 18.11.2009
Вилијам Галас ја одведе Франција на Светското првенство откако Анри играше со рака.

Луис Гарсија
Ливерпул - Челси 1:0, 05.05.2005
Екипата на Ливерпул се пласираше во финалето на Лигата на шампиони благодарение на единствениот погодок на Луис Гарсија уште во 4-та минута, но никогаш не се потврди дека топката ја помина гол-линијата.

Марк Овермарс
Арсенал - Шефилд Јунајтед 2:1, 13.02.1999
Овермарс го реши натпреварот од ФА купот со контроверзен гол откако не го испочитува ферплеј правилото. Арсенал подоцна понуди преигрување на натпреварот и повторно победи со 2:1.
(на 0:25 од видеото)

Голот дух на Ридинг
Ватфорд - Ридинг 2:2, 20.09.2008
Никој не го виде голот на Ридинг освен судиите.

Гери Крозби
Нотингем Форест - Манчестер Сити 1:0, 03.03.1990
Овој контроверзен гол на Нотингем Форест за малку ќе го испратеше Манчестер Сити во втора лига во 1990-та година.

Марадона
Аргентина - Англија 2:1, 22.06.1986
„Божјата рака" на Марадона е можеби најконтроверзниот гол во историјата на фудбалот.

Џефри Хрст
Англија - Западна Германија 4:2, 30.07.1966
Голот на Хрст во финалето на СП 1996 остана најголема мистерија во историјата. Се уште никој не може да потврди дали топката ја помина гол линијата.



22 ноември 2012 - 14:33