Првите предупредувања за симулирање ги заработија Доналд Слоун од Кливленд Кавалирс и Џеј-Џеј Бареа од Минесота Тимбервулфс. Како за прв пат, Слоун и Бареа беа опоменати, а потоа следуваат казни од 5.000 долари, за следното симулирање 10.000, па 15.000 и 30.000 долари, а за секој 6-ти обид за „флопинг" следува суспензија.
Првиот кој два пати се обиде да симулира и кој ќе влезе во историјата на НБА лигата како првиот кошаркар кој заработи парична казна е Реџи Еванс.
Ветеранот на Бруклин ќе плати казна од 5.000 долари затоа што по втор пат се обиде да симулира на натпреварот против Лејкерс, а претходно беше опоменат за флопинг на натпреварот против Бостон.