Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Хрватски репрезентативец нокаутираше навивач

Кошаркарот на Цедевита, Марко Томас фрли сенка на завршницата на хрватски куп откако по крајот на натпреварот тој нокаутираше навивач на Цибона.

Познати забивачите на „Ол стар“ викендот

НБА ги соопшти имињата на кошаркарите кои следниот следниот викенд ќе се борат за титулата најдобар забивач во лигата. На натпреварот во забивање оваа година ќе се појават и двајца поранешни шампиони.

Барса го доби епското кошаркарско Ел Класико

Кошаркарите на Барселона го победија Реал Мадрид со 111:108 во лудо Ел Класико со две продолженија и се пласираа во полуфиналето на Купот на Кралот.

Еуропол не се отвори целосно

По соопштувањето на Европската полиција која во 18 месечната истрага успеала да открие 380 наместени фудбалски натпревари, се огласи германски полициски инспектор кој не се сложува целосно со своите колеги за тоа што го кажале во јавноста.

Полските ултраси се луди и по мото трки

Сме пишувале за навивачки групи кои одат на спортови како одбојка, ватерполо, па дури и за инциденти на кошаркарски натпревар за инвалиди, но не сме ни помислиле дека ултра групи толку масовно навиваат со кореографии и пиротехника на спидвеј трки со мотори.

Перез ја направи стратегијата за следните избори

Во обид да добие и по трет пат претседателски мандат на челната позиција на големиот Реал Мадрид, Флорентино Перез подготвува план со кој ќе се обиде да доведе фантастично фудбалско трио во Кралскиот тим.

Циркускиот шут на Галинари за бесплатно тако

Денвер Нагетс имаат специјална промоција за нивните навивачи кои добиваат бесплатно тако секој пат кога тимот на домашен терен ќе постигне 110 поени. Клучните поени на натпреварот против Милвоки ги постигна Данило Галинари и тоа со „шут на векот".

Грешката не е во тренерите

Резултатите покажуваат дека откако најстрогиот претседател Мауро Ѕампарини, кој е познат по постојаното отпуштање на тренери, го продал најдобриот фудбалер на Палермо Хавиер Пасторе, сицилијанскиот тим драстично паднал.

Петиција до Обама за Рикелме да остане во Бока

Аргентинската легенда Рикелме во моментов е во преговори со други клубови откако неговиот договор со Бока Јуниорс заврши, но навивачите не сакаат тој да го напушти клубот па дури побараа и интервенција од Обама и Белата куќа.

Три „бунари“ на Телетовиќ

Една од полошите работи што можат да му се случат на кошаркар е да фрли „бунар". Уште полошо е тоа да му се случи два пати на еден натпревар, а најлошо е ако три напади по ред успее да го промаши кошот. Тоа му се случи на Босанецот Мирза Телетовиќ од Бруклин Нетс.

Имитација на Ѓуровски

Нашиот Марио Ѓуровски и неговиот начин на изведување слободен удар станаа хит во светот, па сега почнаа да го копираат и на футсал терените во Кувајт.

Попов јавно се извини

Македонскиот интернационалец Горан Попов испрати официјално извинување за инцидентот со плукањето на противнички играч.

Една нова Македонија ја надигра Данска

Македонската фудбалска репрезентација со одлично издание и најверојатно најдоброто одиграно полувреме во историјата, целосно ја надигра Данска и со головите на Пандев, Ибраими и Новески славеше победа од 3:0.

Африканецот кој ја измами ФИФА

И покрај тоа што Светската куќа на фудбалот има систем за заштита кој ги мониторира податоците на играчите кои прават трансфер, Мбенба Мангулу од Конго на фудбалската мапа фигурира со три датуми на раѓање. Тој истовреме "има" 19, 22 и 25 години.

Коби не старее

„Се фрустрирам секој пат кога доаѓам во Њујорк и наеднаш се случува експлозија" изјави 34-годишниот Коби Брајант по натпреварот против Бруклин на кој својата фрустрација ја истури со забивањето преку Џералд Валас и Крис Хамфрис.

Кариерата на Меси

Фановите на Барселона му посветија краток филм на Аргентинецот во кој се прикажани најважните моменти од неговата кариера во дресот на Барселона. Од првиот гол до четвртата „Златна топка" во 28 минути.

Босански ски скокови

Оваа година малото место Викичи во Босна и Херцеговина по јубилеен 10-ти пат беше домаќин на ски скокачите од околината. Освен голема желба, учесниците имаа само уште и скии, па некои од нив храбро скокаа по фармерки и џемпери.

Непослушниот фудбалер е неприкосновен пеналџија

Иако зад неговото име се поврзани многу контроверзи и често пати влегува во конфликт со тренерите, можеби звучи неверојатно, но Марио Балотели во досегашниот дел од неговата кариера има 100% учинок во ударите од белата точка.

55 години од најголемата несреќа на Манчестер Јунајтед

На денешен ден пред 55 години во авионска несреќа во Минхен се случи авионска несреќа во која загинаа 23 лица од кои осум фудбалери и тројца членоци на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед.

Танцот на Нејмар

Најпопуларниот и најбараниот фудбалер од Јужна Америка освен што ги полни топ листите на најдобри фудбалски мајстории, одлично знае да ги забавува неговите соиграчи пред, но и за време на натпреварите.

Новиот светски фудбалски поредок

Светското фудбалско првенство за играчи до 20 години кое оваа година ќе се одржи во Турција, ќе биде првото глобално натпреварување на ФИФА на кое нема да настапат репрезентациите на Бразил и Аргентина.

Помалку хокеј, повеќе тепање

Скратената сезона заради локаутот во НХЛ лигата донесе многу нервоза и повеќе тепачки од останатите регуларни сезони, па така некои денови има повеќе тепачки од натпревари.

Пријателите ќе го спасуваат Гаскоњ

Поранешниот англиски фудбалер кој повторно му се врати на пиењето, замина во САД каде ќе се обиде да ја излечи зависноста од алкохолот. Трошоците во центарот за рехабилитација во Феникс кои чинат 7 илјади евра неделно, ќе ги подмират четворица негови пријатели.