Вембли низ историјата

Првата светска титула на „Гордион Албион", Рагби, Бокс, Трки со коњи, Олимпијади. Еден од најпознатите стадиони во светот беше домаќин на многу спортски случувања пред да се реновира во 2007 година. Утревечер ќе ги нагости двете најдобри екипи од Европа кои ќе го одиграат првото историско финале од Лигата на шампионите.

Првото финале на стадионот „Вембли" датира од далечната 1923 година кога екипата на Болтон го порази Вест Хем во рамките од ФА Купот. Мечот го следеа 126.000 навивачи.

„Вембли" беше домаќин на голем број трки со коњи пред Втората светска војна.

Во 1948 година на стадионот се отворија првите Олимписки игри по завршувањето на Втората светска војна.

Во 1963 година Мохамед Али боксуваше против Хенри Купер пред 55.000 гледачи.

Истата година тимот на Милан за прв пат го освои трофејот во Лигата на шампионите, а во финалето се сретна со Бенфика за која настапуваше легендарниот Еузебио.

Во 1966 година селекцијата на Англија го освои првото и единствено Светско фудбалско првенство, а во финалето беше подобра од Германија со 4:2 пред околу 100.000 публика.

НЛФ лигата е традиција на „Вембли" која трае со години.

Во 2008 година стадионот се претвори во тркачка патека за Формула 1, а на сцената се појавија Хамилтон и Култхард.

24 мај 2013 - 17:50