Англичаните не се премногу возбудени што нивниот главен град ќе биде домаќин на два германски клуба во финалето од Лигата на шампиони, па учесниците, а посебно Борусија Дортмунд, се обидоа да ги анимираат локалците.
Германците ги бие глас дека кога одат на летен одмор, радно наутро си ги „резервираат" лежалките на плажа со пешкир, па решија да се пошегуваат на своја сметка. Борусија прати поздрав од Дортмунд до лондончаните кои наместо англиски финалисти или стадион полн со згодни женски од Шпанија, добиле Германци.
Дел од кампањата е и црно-жолт двокатен автобус кој ќе кружи низ централниот дел на Лондон и ќе дели подароци. Низ градот ќе кружат и камиончиња со билборди на кои ќе бидат испишани пораки како на пример „Ви благодариме што ја измисливте играта која ја сакаме", а покрај знаменитостите стои гарда облечена во црно-жолта боја.