Вгнездено на брегот од француската ривиера, на границата со Италија, Кнежевството Монако се протега на само 1,9 квадратни километри. Тоа е домот на најбогатите луѓе на светот кои и покрај тоа што имаа најлуксузни автомобили, од аеродромот во Ница до Монако пристигнуваат со хеликоптер кој им наплаќа по 105 евра за 7-минутно возење.
Помеѓу сите богаташи, својот дом во рајот за избегнување на даноци го најдоа и победникот на овогодинешната трка Нико Розберг, Луис Хамилтон, Џенсон Батон и Пол Ди Реста. Дури една петина од населението кое брои 36.000 се странци. За нив не е проблем да платат и до 4.500 евра за еден метар квадратан, или над 1 милион евра за најмала гарсониера од 25 метри квадратни.
Трката во Монако се одржува во мај и трае 4 дена, но подготовките започнуваат уште во март кога 200 работници ги градат привремените трибини за 37.000 гледачи.
Бројката на гледачите на секоја трка се искачува и до 200.000, но повеќето од нив ја следат трката од околните балкони, покриви, бродови и ридови.
Седиштата за денот на трката чинат 1.600 евра, а најефтино ќе поминете ако трката ја следите од околните ридови и тоа преку видео бим. За тоа задоволство ќе платите само 35 евра. Хотелите чии балкони имаат поглед на патеката за 4 денови наплаќаат и до 30.000 евра.
Улиците се затвораат уште во четврток и почнува да се подготвува патеката долга 3.340 метри. Тоа е единствената трка на која се одржува тренинг во четврток, а во петок улиците повторно се отвораат за да се олесни метежот на крајот од работната недела.
Ако сакате да го избегнете метежот по улиците, можете да ја следите трката и од брод, но мора да аплицирате најдоцна до март. Најефтината кабина чини 6.400 евра, а ако сакате да биде блиску до брегот, една кабина за цела недала можете да ја изнајмите за 101.000 евра.