Последната жалба Рускиот хокеарски сојуз ја доставил на 25-ти август годинава а рочиштата на Спортскиот арбитражен суд биле на 23-ти и 26-ти октомври.
Интересите на РХФ ги претставувала меѓународната правна фирма Curtis. CAS ја поништил одлуката на Светската хокеарска федерација која претходно им забрани учество на руските хокеари на Европски и Светски првенства.
Тоа значи дека конечно ќе ја гледаме Русија на следните турнири: Светско 2027 за хокеј мажи, Светско 2027 за хокеј жени и Светско 2027 за девојки до 18 години како и Светско 2027 за младинци У-18.
За сега Русија од МОК доби учество на турнири, со свое знаме, грб и химна во 10 олимписки федерации: џудо, таеквондо, водни спортови, борење, гимнастика, мечување, атлетика, скок во далечина, одбојка и ракомет.
„Комисијата на CAS во состав Џулио Палермо (Италија) - претседател, Исмаил Селим (Египет) и Марк Ховел (Велика Британија) заклучи дека аргументите на IIHF кои се однесуваат на безбедноста и другите прашања не се поткрепени со доволно докази. Наведоа дека Дисциплинскиот одбор на IIHF (Светската меѓународна хокеарска федерација) веќе утврди дека нема доволно докази за исполнување правни услови за изрекување суспензија.
Комисијата едногласно заклучи дека со оглед на важечките прописи на IIHF, само оправдана безбедносна загриженост може да има поголема тежина од правата на спортистите од одредена националност да учествуваат на натпреварувањата. Согласно на оа жалбата е усвоена.
Советот ја поништува долуката на Советот на IIHF“.
ИИХФ соопшти дека бил разочаран од ваквата одлука на Судот во Женева.
Full statement on the Court of Arbitration for Sport's decision today on Russian participation in IIHF Championships: https://t.co/dXa7pswROt https://t.co/NIdLQ2I1et
— IIHF (@IIHFHockey) October 30, 2026

Русите очекуваат да заиграат повторно и фудбал под УЕФА и ФИФА, како и кошарка во квалификации за Светско, Европско првенство и Европига. Се очекува Русите да се вратат и во карлинг, бијатлон, рагби, сурфање каде за сега настапуваат под неутрално знаме на МОК, без своја химна, знаме и грб.
ГЕРМАНЦИТЕ НЕ САКАЛЕ ДА СЛУШНАТ
Први против оваа одлука, прилично очекувано се огласиле од германскиот хокеарски сојуз чијшто претседател Франк Лутц рекол:
„Нашата позиција останува неизменета: ние сме против враќањето на руските репрезентации на меѓународните хокеарски турнири. Како член на Меѓународната хокеарска федерација ние често ја нагласувавме нашата позиција како пред Советот на ИИХФ така и пред Арбитражниот суд.
Оваа одлука од корен ја менува ситуацијата пред Светското првенство 2027 кое се игра во Германија. За нас како земја домаќинка, да и допуштиме на Русија да учестува влече со себе сериозни последици - во сферата на безбедноста а исто и на политички и економски план. Во најскоро време ќе ја анализираме оваа одлука со ИИХФ и ќе соопштиме за следните чекори“.