Македонски Телеком ја одбрани титулата во Бизнис лигата

Екипата на Македонски Телеком е старо-нов шампион во третото издание на Бизнис лигата откако во неизвесно финале го совлада тимот на UNIQA по изведување на пенали. ЈСП со победа над ЕЛЕМ го освои бронзениот медал.

Финале:
Македонски Телеком 2-2(1-1) (пен. 9-8) UNIQA

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 11', Душко Симоновски 29'
UNIQA: Арбен Нухиу 16', Љуљзим Каштањева 27'

Во првото полувреме финалето ги оправда сите епитети на зборот финале. Се играше доста цврсто и машки во фер плеј духот на двете страни. Полуремето заврши со 1-1 заслужено, бидејќи ниту една од двете екипи не дозволи противникот да го надигра.Во второто полувреме екипата на UNIQA постигна гол по само 5 минути игра и тоа створи огромна психолошка предност кај нив. Но не за долго. Екипата на Македонски Телеком преку Душко Симоновски постигна гол и потполно се врати во натпреварот. Во понатамошниот дел од натпреварот се играше изедначено се до самиот крај кога екипите пристапија кон изведување на пенали. Екипата на Македонски Телеком со повеќе нерви влезе во завршницата и сосема заслужено го освои шампионскиот пехар. По пенали 9-8.

Натпревар за трето место:
ЈСП 5-4(3-3) ЕЛЕМ

ЈСП:Велко Серафимовски 13', 14', Тони Спасовски 14', Дејан Блажевски 26', Љупчо Павловиќ 32'
ЕЛЕМ: Антонио Тасев 19', Влатко Петровски 19', Богдан Ѓурчевски 20', Антонио Ничевски 22'

На почетокот од првото полувреме и двете екипи играа доста смирено со одлични проигрувања кои им овозможуваа отворени удари кон голот. Екипата на ЈСП ги искористи своите 5 минути и дојде до огромно водство од 3-0. Но потоа дојде до опуштеност во екипата на ЈСП со што следеше одличен бран во нападот на ЕЛЕМ за изедначување на резулатот од 3-3 со кои се отиде на полувремето. Во второто полувреме се играше доста грубо и со чести прекини. И двете екипи играа со „голман играч". Во ваквата игра подобро се снајде екипата на ЈСП која го доби овој натпревар со 5-4.

24 мај 2013 - 22:33