Навивачите на мексиканскиот Клуб Америка ги загубија сите надежи кога во 14-та минута еден од нивните фудбалери заработи црвен картон, а веќе во 20-та минута Круз Азул поведе со 0:1.
Но фудбалот не за џабе важи за најважната споредна работа на светот. Во Мексико се случи уште едно фудбалско чудо.
Најпрвин пред истекот на 90-те минути, Москера израмни на 1:1, а во 3-та минута од судиското продолжение пред противничкиот гол се пресели и голманот Мојсес Муњоз за делириум на 103.000 гледачи на стадионот Астека.
На тој начин фудбалерите на Клуб Америка се изборија за продолженија и триумфираа по изведувањето на пенали за 11-та титула во првенството на Мексико.