Трагедија на навивачите на Бреша

Еден мртов и 20 повредени е вкупниот биланс во сообраќајната несреќа која им се случи на навивачите на Бреша.

Автобусот со кои навивачите се враќале од гостувањето против Ливорно од досега неразјаснети причини излетал од автопатот и се превртел. 22 годишниот Андреа Тонинели им подлегнал на повредите, а двајца од повредените се уште се во критична состојба.

Според шпекулациите на италијанските медиуми како причини за несреќата ги наведуваат дека шоферот заспал или пак имал технички проблем со автобусот.

27 мај 2013 - 13:48