Мајами и Индијана 17 пати се менуваа во водство во текот на првиот натпревар, за на крајот од првото продолжение Леброн Џејмс да поентира за конечни 103:102 во корист на Хит.
Ова се некои од поинтересните случувања во последните моменти:
Најпрвин Норис Кол му зададе удар на незгодно место на Дејвид Вест
На 20 секунди до крајот, Реј Ален промаши слободно, а на спротивната страна, на 0,7 секунди пред сирената, Пол Џорџ погоди тројка од огромна далечина за продолженија
На 10 секунди до крајот на продолжението, Леброн поентира и си те си помислија дека тоа е победничкиот поен
Но тука не беше крајот. Двејн Вејд му направи фаул на Пол Џорџ кој реализираше 3 слободни за предност на Индијана од 101:102 на 2 секунди до крајот. Но тоа повторно не беше крај. На сцена повторно стапи Леброн Џејмс кој со положување во последна секунда ги постави конечните 103:102