Тикет на колото

Одиме со наша прогноза за вечерашното германско финале од Лигата на шампионите, заедно со уште неколку натпревари од шпанското и француското првенство во обид да направиме добитен тикет на крајот од фудбалските возбудувања за оваа сезона.

Баерн Минхен – Борусија Дортмунд Т1
Фудбалерите на Баерн покажаа огромна ефикасност во текот на целата сезона и се фаворити според светските кладилници.

Атлетико Мадрид – Мајорка ГГ3+
Домаќините ќе играат растеретено во претпоследното коло со оглед на обезбеденото место за Лигата на шампионите. Мајорка грчевито се бори за опстанок.

Реал Сосиедат – Реал Мадрид ГГ3+
Екипата на Реал Сосиедат води битка за четвртата позиција и мора да оди на победа. Реал игра без никаков притисок.

Ајачио – Ница ГГ
Само бод му е потребен на составот на Ајачио за опстанок во лигата, додека гостите се уште се во трка за место во Лигата на Европа.

Бастија – Сошо ГГ
Со оглед на тоа што се наоѓаат на средината на табелата домаќините ќе играат растерен фудбал. На Сошо потребен му е само бод за да се спаси од испаѓање.

25 мај 2013 - 12:39