Розберг триумфираше во Монако

30 години по победата на Кеке Розберг во Монако, на истото место триумфираше и неговиот син Нико кој има израснато на улиците во Монте Карло. Зад победникот се пласираа Фетел, Вебер и Хамилтон.

Нико Розберг ја оствари втората победа во својата кариера и тоа на една од највозбудливите трки во Формула 1 шампионатото - трката низ улиците на Монте Карло.

Германецот по трет пат оваа сезона тргна од пол позицијата, но за разлика од Бахреин и Шпанија, овој пат ја искористи водечката позиција и ја задржа до крајот на трката.

На трка на која нема многу претекнувања, главни возбудувања секогаш се инцидентите. Еден таков инцидент се случи во 30-от круг кога Фелипе Маса го репрезираше неговиот судар од третиот тренинг и повторно на истото место удри во оградата.

Трката имаше подолг прекин во 46-от круг заради сударот на Малдоналдо и Чилтон по кој возачот од Венецуела удри во заштитната ограда.

На втората позиција се пласираше Себастијан Фетел, а на победничкит пиедестал се искачи и неговиот тимски колега, Марк Вебер.

Следна на програмата од календарот на Формула 1 е трката во Канада која ќе се вози на 9 јуни.

Пласман на ГН Монако:
1. Нико Розберг (Мерцедес) 2:17:52.056 часа
2. Себастијан Фетел (Ред Бул) + 3.888
3. Марк Вебер (Ред Бул) + 6.314
4. Луис Хамилтон (Мерцедес) + 13.894
5. Адријан Зутил (Форс Индија) + 21.477
6. Џенсон Батон (Мекларен) + 23.103
7. Фернандо Алонсо (Ферари) + 26.734
8. Жан-Ерик Вење (Торо Росо) + 27.223
9. Пол Ди Реста (Форс Индија) + 27.608
10. Кими Раиконен (Лотус) + 36.582
...

Генерален пласман на возачи:
1. Себастијан Фетел 107 поени
2. Кими Раиконен 86
3. Фернандо Алонсо 78
4. Луис Хамилтон 62
5. Марк Вебер 57
6. Нико Розберг 47
7. Фелипе Маса 45
8. Пол Ди Реста 28
9. Роман Грожан 26
10. Џенсон Батон 25
...

Генерален пласман на конструктори:
1. Ред Бул 164 поени
2. Ферари 123
3. Лотус 112
3. Мерцедес 109
5. Форс Индија 44
6. Мекларен 37
7. Торо Росо 12
8. Заубер 5
9. Катерхем 0
10. Вилијамс 0
11. Марусија 0

26 мај 2013 - 16:31