Таг: монте карло

Детето од угледна московска фамилија кое го скроти големиот Ѓоковиќ и освои прв Гренд Слем

За разлика од ексцентричните полетни ама зелени тенисери кои тешко го изодуваат патот до професионализмот, Данил Медведев се изборил со сите предизвици и стигна до најголемиот пехар во неговата кариера.

Чекај да го видиш Рафа Надал на 16

Шпанската јавност е одушевена од подвигот на 16-годишниот Карлос Алкараз кој на своето АТП деби, во Рио де Жаниеро го совлада 41-от тенисер на ранг листата, Рамос-Винољас. Ова ги натера љубителите на тенисот да се навратат на далечната 2003-та година и 16-годишниот Рафа Надал кој дебитираше во Монте Карло и го совлада Словакот Карол Кучера во првата рунда.

Новак пак се здроби од змеење со италијанскиот новинар

По седмата титула на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ направи супер забавна прес конференција, имитирајќи еден италијански новинар како зборува англиски јазик. Ете го истиот кај Ноле на прес пред турнирот во Монте Карло. Прво му фрли два збора на италијански „Како си пријателе?“, а потоа го потсети на „not too bad“.

Двајца Македонци ќе патуваат од Стојаково до Индија со Рено 4

Веста на денот не е од ЛШ или ЛЕ, туку од јужниот дел на гевгелиско-валандовската котлина, а ја споделија Ѓорги и Џоко на Фејсбук страната „Од Стојаково до Ница со Рено 4“. Тоа беше првата нивна мисија. Втората им е околу четири пати подолга.

Розберг триумфираше во Монако

30 години по победата на Кеке Розберг во Монако, на истото место триумфираше и неговиот син Нико кој има израснато на улиците во Монте Карло. Зад победникот се пласираа Фетел, Вебер и Хамилтон.