Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Најскржавите екипи во НБА лигата

Лос Анџелес Лејкерс најмногу се опуштиле во делење плати минатата сезона и за надминувањето на селари капот ќе треба да искешираат дополнителни 30 милиони долари. Но има и такви кои пазат на секој долар и во изминатава декада ниту еднаш не го надминале лимитот.

Реакции од клупата

Во позадината на секој добар потег има и интересна реакција на кошаркарите од клупата. Ова се најдобрите реакции на клупите во изминатата сезона на НБА лигата.

Најдоброто од Вимблдон 2013

Гренд слем турнирот во Вимблдон ќе остане запаметен како Вимблгедон заради раната елиминација на многу носители, шампиони и поранешни рекети број 1, но и по добрите мечеви. Ова се најдобрите моменти од овогодишното издание на Вимблдон.

Смртни закани на Твитер само поради една грешка

Капитенот на Монтреал Импакт, Дејви Арнауд доби заканувачки пораки откако неговиот тим загуби на домашен терен од Колорадо Рапидс.

Фудбалерите на Белизе одбиле да местат и изгубија 6:1

Репрезентацијата на Белизе која едвај собра пари за да стигне до САД и да игра на Голд купот, загуби на стартот од домаќинот со 6:1, а неколку фудбалери открија дека одбиле обид за поткуп. Колку ли ќе загубеа ако прифателе?

Голчиште од слободен удар

Фудбалерите на Ирак беа најголема сензација на Светското првенство за фудбалери до 20 години и за малку не успеаа да се пласираат во финалето. Тие загубија на пенали од Уругвај и покрај тоа што први поведоа и тоа со овој прекрасен гол од слободен удар на Али Аднан.

Офсајд лик на неделата: Мауридес

Титулата за оваа недела му ја одземаме на Денис Ердман и му ја доделуваме на Мауридес. Нашиот нов офсајд лик на неделата е младиот Бразилец кој го постигна првиот гол во професионалната кариера и притоа се повреди прославајќи го истиот.

Клубот на Анри ќе им плаќа на навивачите да не пцујат

Американскиот фудбалски клуб Њујорк Ред Булс чиј член е Тиери Анри ќе ги подмитува своите навивачи за да не ги навредуваат противничките фудбалери за време на натпревар.

Блатер призна дека СП 2022 не може да се игра во лето

Иако до тогаш треба да се организираат уште две светски првенства во Бразил и Русија, темата за тоа како ќе се игра фудбал во пеколните лета на 50 степени во Катар 2022 година не стивнува.

Златната вечера на Мартинс

Нигериецот Обафеми Мартинс кој од оваа сезона настапува за Сиетл има интересно хоби кое не сме го виделе од некој друг фудбалер. Дресовите од сите екипи за кои настапувал ги реди во златни столици.

Фудбалерите-циркузанти очекувано суспендирани

Четирите екипи од Нигерија кои заедно постигнаа 146 гола на 2 меча добија суспензија од Нигеријската фудбалска федерација на неопределено време.

Ултраси ќе спонзорираат германски клуб

Фудбалерите на германскиот четвртолигаш Рот-Вајс Есен на своите дресови наместо спонзор, ќе го носат логото на навивачката група.

Обвинение за 8 италијански фудбалери поради наместени натпревари

Натпреварите Лацио – Џенова и Лече – Лацио за кои постојано се пишуваше дека завршиле нерегуларно, конечно ќе добијат епилог. Италијанската фудбалска федерација ги објави имињата на фудбалерите кои се очекува да бидат казнети, а меѓу нив е и капитенот на Лацио.

Кевендиш нападнат со урина

Комесарите на трката му прогледаа низ прсти, но јавноста не. Марк Кевендиш бил нападнат на денашната етапа на Тур де Франс.

Леонардо се повлекува од ПСЖ

Спортскиот директор на Парис Сент Жермен одлучи по завршувањето на летниот преоден рок да се збогува со клубот.

Десетте екипи кои ги направија најголемите трансфери

Економистите од Fútbolfinanzas ги анализираа 100-те најскапи трансфери во историјата на фудбалот за кои се потрошени 3,7 милијарди. Дури 80% од оваа сума ја потрошиле само 10 клубови.

Кевендиш обвинет за контроверзниот судар на целта

Марк Кевендиш може да биде во неволја ако биде потврдена неговата вина за сударот пред целта на 10-та етапа на Тур де Франс. Победник на етапата беше Марсел Кител, а во сударот настрада неговиот тимски колега Том Велерс.

Лејкерси ќе плаќаат за „луксузот“

НБА лигата ја одреди сумата на селари капот кој за сезоната 2013/14 ќе изнесува 58,7 милиони долари, а минатата сезона најмногу над лимитот за плати преминале ЛА Лејкерс кои ќе треба да платат дополнителен данок од скоро 30 милиони долари.

Најчудните трансфери во историјата на фудбалот

Вчера пишавме за трансферот на фудбалер од Коста Рика кој беше трампан за 50 топки, но тоа не бил најчудниот трансфер до сега. Ова се само дел од најлудите познати трансфери на фудбалери.

Асистенција со лакт

Поранешниот член на Сакраменто, Мемфис, Мајами и Орландо, Џејсон "White Chocolate" Вилијамс на егзибициски натпревар во Кина ја изведе неговата препознатлива асистенција со лакт.

Кладилниците им простија на поддржувачите на Ѓоковиќ

Британците се толку среќни што по пауза од 77 години еден нивни тенисер го освои Вимблдон, па кладилниците од островот решија да ги частат оние кои во финалето се кладеле на Ѓоковиќ и изгубија пари.

Сите голови на Давид Виља за Барселона

Па и не беше толку незабележителен шпанскиот репрезентативец Давид Виља на „Камп Ноу“ во последните 3 години кој за само 5 милиони евра го официјализираше трансферот во Атлетко Мадрид. Ова се неговите 48 голови во каталонскиот дрес.

Меси ги разочара ВИП гостите во Чикаго

Мет Елијасон кој направи потег како Пеле, како и Коди Стенли кој тргнал со другарите на пиво, ја имаа таа среќа како аматери да заиграат со Лионел Меси на пријателски натпревар. На истиот меч немаа среќа 80 ВИП гледачи кои практично беа измамени од страна на најдобриот фудбалер во светот.