Натпреварот на Меси и пријателите кој се одигра пред 3 дена во Чикаго не помина само во знакот на аматерскиот фудбалер кој на асистенција на Тиери Анри направи спектакуларни ножички. Агенцијата „Нумеро 5" за хуманитарниот меч организирала продажба на 80 ВИП влезници со кои се добива посебен третман.
Билете кои чинеле 2500 долари овозможувале посебни места на стадионот, потоа дружба со сите фудбалски ѕвезди кои учествувале, како и топки и дресови со потписот на ѕвездата на Барселона. Но откако во 68 минута Меси бил заменет не се појавил повеќе на теренот.
Навивачите кои се решиле за скапите влезници 2 часа ја чекале големата фудбалска ѕвезда но на крајот биле жртви на измама. Топките кои ги добиле како подарок биле пластични, а наместо дресови добиле маици со испечатен потпис на Меси.
Целиот неочекуван развој на настаните го опишал разочараниот татко кој на својот 9 годишен син сакал да му ја исполни желбата и како роденденски подарок да му биде запознавањето со неговиот идол.
„ВИП влезниците ги купив уште во февруари, но јас и мојот син Хадсон сме тотално разочарани. Ние сме големи фанови на Барсенила и бевме до Шпанија за да го гледаме Меси во живо. Чекавме 2 часа во просторија која беше наменета само за нас со посебни билети но откако се изначекавме ни рекоа дека тој нема да се појави".
„Хадсон почна да плаче и беше многу разочаран исто како и јас. За неговиот роденден не направивме никаква забава, затоа што токму средбата со Меси требаше да биде негов подарок. Не постојат зборови со кои може да се опише нашето разочарување. На крајот ми рече дека следната маица не сака да му биде од Меси и дека тој повеќе не е негов идол", раскажува разочараниот татко.
Измамените 80 фанови кои требаше да се сретнат со наајдобриот фудбалер на планетата потрошија вкупно 200.000 долари.