По елиминацијата на Федерер, Вимблдон загуби уште еден бранител на титулата. Тој и Серена Вилијамс заедно тежеа 12 титули само од овој турнир. Актуелната шампионка загуби од 23-годишната, 23-рангирана тенисерка на ВТА листата, Германка Сабине Лисицки.
Тоа значи дека во женска конкуренција сега се останати само 3 од првите 14 носителки, а Ага Радванска и Ли На се паднаа во четвртфиналето, па женскиот Вимблдон можеби ќе го освои некоја анонимна аутсајдерка.
Кај мажите ситуацијата е малку подобра. Таму го нема минатогодишниот победник Роже Федере, ги нема ни Надал, Цонга... односно елиминирани се 18 од првите 23 носители. Но тука се барем првите носители, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.
Без разлика на имињата на освојувачите, историјата е веќе напишана на 127-то издание на Вимблдон. Овој Гренд слем турнир ќе остане запаметен по најголемиот број на елиминирани носители по првите 2 рунди.