Леонардо се повлекува од ПСЖ

Спортскиот директор на Парис Сент Жермен одлучи по завршувањето на летниот преоден рок да се збогува со клубот.

Бразилецот Леонардо утрово ја поднесе оставката како спортски директор во ПСЖ и ќе остане во раководството се до завршувањето на летниот преоден рок. Потврда стигна и на официјалниот сајт на клубот.

„Многу ни е жал за заминувањето на Леонардо, но сепак ја почитуваме неговата одлука", се вели во соопштението.

Леонардо одлучи да си поднесе оставка во ист ден кога во Париз треба да пристигне агентот на Единсон Кавани со кој ќе го официјализира трансферот на напаѓачот од Наполи.

Тој доби 9 месечна суспензија од Дисциплинската комисија, затоа што по мечот против Валенсиен одигран на 5 мај годинава го турна судијата поради црвениот картон кој му го додели на Тијаго Силва, а ПСЖ наредната сезона ќе ја почне со 3 бода помалку.

10 јули 2013 - 13:31