Новиот прволигаш Универсидад де Коста Рика потпиша со Роџер Фалас од второлигашот Пума за 50 фудбалски топки.
Договорот на 26-годишниот фудбалер со Пума наскоро истекувал, па спортскиот директор на клубот, Ригоберто Чинчила одлучил да не бара пари, туку опрема за тренинг.
„Ме прашаа што е проблемот со Роџер штом толку малку барам за него. Ми беше привилегија да го гледам како игра, па не сакам да му стојам на патот и да му ги расипам плановите да игра во прва лига", изјавил директорот на клубот.
Фудбалските клубови во Коста Рика се соочуваат со големи финансиски проблеми. Некои клубови не им исплаќаат плата на фудбалерите, туку само дневници кога играат гостински натпревари.