Фудбалерите на Белизе одбиле да местат и изгубија 6:1

Репрезентацијата на Белизе која едвај собра пари за да стигне до САД и да игра на Голд купот, загуби на стартот од домаќинот со 6:1, а неколку фудбалери открија дека одбиле обид за поткуп. Колку ли ќе загубеа ако прифателе?

Сиромашните фудбалери на Белизе кои собираа донации за да можат да играат на континенталното првенство на Централна и Северна Америка, се лесна мета за местачите на натпревари.

Непознат човек им пришол на неколкумина од фудбалерите уште на аеродромот во Панама додека тие патувале кон САД, а потоа истиот човек ги пресретнал и во Портланд пред натпреварот против домашната репрезентација.

Тој ги убедувал дека немаат шанси против САД и сакал да му ветат дека ќе загубат, а за возврат им ветил по 10.000 евра.

Сепак фудбалерите на Белизе ја ставиле националната гордост пред парите и ја одбиле понудата.

Местачот немал воопшто потреба да им приоѓа на фудбалерите на Белизе затоа што тие и без да бидат поткупени загубија со 6:1. Колку ли ќе загубеа ако се согласеа да попуштат?

11 јули 2013 - 11:45