Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Не танцувајте на фудбал во Тајланд

Само една мала шега беше доволна за фудбалер од Тајланд да го налути судијата кој донесе престрога одлука и предреме го испрати во соблекувалната. Ова нека биде апел до Марио Ѓуровски кој стана познат по циркузантските потези во тајландското првенство.

Бејзбол магија

Франциско Лиријано од Питсбург на натпреварот против Чикаго Кабс го направи потегот на денот со ова неверојатно фаќање меѓу нозе и тоа од зад грб.

Сите го бараат, а тој ја грее клупата и не сака да си оди

Го поврзуваат со клубови од цела планета, но тој и покрај тоа што е веќе 4 сезони дел од резервната клупа на Реал Мадрид не помислува да си замине и да биде лидер во некој друг клуб како што беше во Милан. На Кака убаво му доаѓаат 9 милиони годишно во Кралскиот тим.

Фудбалер трампан за 50 топки

Додека во Европа се вртат милијарди за фудбалски трансфери, некои екипи се засилуваат на малку поинаков начин. Еден клуб од Коста Рика доби играч во замена за 50 фудбалски топки.

Довчерашниот клуб на Кире Лазаров згаснува

Минатогодишниот финалист од ракометната Лига на шампиони, Атлетико Мадрид поради тешки финансиски проблеми денеска го потврди своето згаснување.

Донирајте за патот на фудбалерите на Белизе

Како не им текна ова порано на челниците на ФК Вардар? Македонскиот шампион можеше да патува како што му доликува наместо со автобус до Букурешт. Најмалата земја во Централна Америка преку интернет собира донации за патот на фудбалерите во САД каде треба да играат на континенталното првенство.

Тука почиваат моторите

Лошо маркирана патека и моторџии кои сакаа да го скратат патот доведоа до неверојатна сцена на мото трка во Австрија.

Аматери наместо да пијат пиво играа против Меси

Меси и пријателите одиграа неколку пријателски натпревари низ светот, а на последниот меч во Чикаго откако многу ѕвезди им откажаа, организаторите беа приморани во последен момент да повикаат неколку аматери. Еден од нив го украде шоуто.

Како Реал и Барселона потрошија 1,6 милијарди евра за една деценија

Големите шпански ривали владеат на пазарот зa играчи, купуваат кого сакаат и колку сакаат и не знаат за штедење. Ова важи посебно за „Кралскиот тим" кој во последната деката потрошил 300 милиони евра за засилувања повеќе од Барса.

Јапонскиот фудбалер кој не знае за доста

Секоја чест за Занети и Гигс кои се уште се активни фудбалери, а годинава ќе наполнат по 40 години, но ти се млади во споредба со човекот од Јапонија кој нема намера да престане со фудбалот. Се вика Казујоши Миура, роден е во 1967 година и настапува во втората јапонска лига.

Како се уништи тревата на Вимблдон

Оваа година тревата во Вимблдон имаше важна улога на Гренд слем турнирот затоа што многу тенисери се пожалија дека нејзината состојба е причината за нивните лизгања, повреди и откажувања.

Офсајд лик на неделата: Денис Ердман

Фудбалерот Денис Ермдан бил мета на голем сеир од страна на неговите соиграчи, а сега е и наш офсајд лик на неделата.

Новата ѕвезда на Барселона под специјален режим пред дебито

Клупскиот доктор на Каталонскиот тим, Данил Медина го посети Нејмар во Бразил каде ги оперираше крајниците, а отпатува со целосна програма со која младиот напаѓач треба да биде во топ форма пред првиот меч на 2 август кој ќе го игра против неговиот довчерашен клуб Сантос.

Сајтот на Тотенхем не го издржа трансферот на Паулињо

Тотенхем потроши 20 милиони евра за Бразилецот Паулињо, но најверојатно треба да вложат уште некое евро за нов сервер за нивниот вебсајт.

Ѓоковиќ и Видиќ за малку ќе станеле колеги

Најдобриот светски тенисер за Би Би Си откри како требало да почне да гради фудбалска кариера во неговиот омилен клуб Црвена Ѕвезда.

Шкотланѓанецот кој преживеа масакр стана британска тениска гордост

Енди Мареј на почетокот од неговата кариера бегал од куршумите на лудакот кој убил 17 деца во неговото училиште. 17 години подоцна тој го победи најдобриот тенисер на светот и по 77 години стана првиот Британец со триумф на Вимблдон.

Навивачите на Лацио продолжуваат да ја тролаат Рома

И за време на летниот период кога паузира фудбалот во Серија А, навивачите на Лацио си наоѓаат активности за да не им биде досадно. Откако минатиот месец „ја погребаа" Рома, сега ги тролаа ривалите со порака од авион.

Си го доби

Андерсон Силва важи за еден од најдобрите MMA борци во светот. Самоуверениот борец беше непоразен од 2006-та година, се до викендов кога Крис Вејдман му наплати за неговата преголема самодоверба.

Како Мојс стана тренер на Манчестер Јунајтед

Дејвид Мојс го откри текот на настаните и деталите за начинот на кој тој стана менаџер на англискиот шампион и начинот на кој Алекс Фергусон му соопштил дека токму тој е неговиот наследник.

Енди Мареј го освои Вимблдон

Шкотскиот тенисер блесна на финалната пресметка на најпрестижниот тениски турнир. Енди Мареј беше далеку подобар противник од Ѓоковиќ и успеа да слави со 3:0.

Фетел за прв пат триумфално пред своја публика

Возачот на Ред Бул, Себастијан Фетел успеа да и донесе радост на својата земја на Големата наградата на Германија во деветтата трка на Формула 1 оваа сезона.

Се допингуваат дури и на карлинг

Добро ни е познато дека се допингуваат велосипедистите, атлетичарите, пливачите, кошаркарите, пливачите и сите други спортиси, ама не очекувавме дека допинг ќе користат и во карлингот.

Федерер е највлијателен спортист на планетата

Швајцарецот Роже Федерер нема да ја одбрани титулата од Вимблдон откако беше елиминиран уште во втората рунда, но тоа не му влијае на репутацијата. Тој е највлијателниот спортист според магазинот Форбс.

Ѓоковиќ и Мареј во големото финале на Вимблдон

Шкотскиот тенисер Енди Мареј беше подобар со 3:1 од изненадувањето на годинашниот турнир во Лондон, Јержи Јанович и во финалната рунда ќе се судри со рекетот број 1 Новак Ѓоковиќ кој во маратонска полуфинална рунда го мина Дел Потро.