За трикратниот светски првак кој впрочем е и лидер во генералниот пласман ова е четврта победа оваа сезона и прва пред домашната публика. Германскиот возач ја освои патеката Нирбургринг за време од 1:41:14,711.
Со само една секунда заостанување втор заврши возачот на Лотус, Кими Раиконен, а на третата позиција заврши неговиот клупски колега Роман Грожан.
Шпанецот Фернандо Алонсо заврши на четвртата позиција, а освојувачот на пол позицијата Луис Хамилтон беше петти.
Инаку трката ја одбележаа и неколку ситни инциденти. На Марк Вебер во боксот му излета цело тркало и повреди камерман кој стоеше во близика, а болидот на Бјанки испадна од камионот за извлекување на возилата од патеката.
Проблеми имаше и Фелипе Маса кој излета во третиот круг по што мораше да ја напушти трката.
Следната трка е закажана во Унгарија на 28 јуни.
ГН за Германија:
1. Себастијан Фетел – Ред Бул 1:41:14.711
2. Кими Раиконен - Лотус + 1.008
3. Роман Грожан Лотус + 5.830
4. Фернандо Алонсо - Ферари + 7.721
5. Луис Хамилтон - Мерцедес + 26.927
6. Џенсон Батон - Мекларен + 27.996
Генерален пласман на возачи:
1. Себастијан Фетел 157
2. Фернандо Алонсо 123
3. Кими Раиконен 116
4. Луис Хамилтон 99
5. Марк Вебер 92
6. Нико Розберг 84
Генерален пласман на конструктори:
1. Ред Бул 250
2. Мерцедес 183
3. Ферари 1180
4. Лотус 157
5. Форс Индија 59
6. Мекларен 59