Федерер е највлијателен спортист на планетата

Швајцарецот Роже Федерер нема да ја одбрани титулата од Вимблдон откако беше елиминиран уште во втората рунда, но тоа не му влијае на репутацијата. Тој е највлијателниот спортист според магазинот Форбс.

Опра Винфри и натаму е највлијателна славна личност на планетава, но нас не интересираат спортистите на рангирањето на Форбс.

На 8-та позиција на највлијателни славни личности се наоѓа тенисерот Роже Федерер. Швајцарецот има 10 спонзори од кои добива 40 милиони долари годишно, а покрај наградите од освојувањето на турнири (вкупно 77 титули), минатата година ќари и 14 милиони долари за да одигра 6 егзибициски натпревари.

Зад него се Тајгер Вудс и Леброн Џејмс кои се 15-ти и 16-ти на листата. Тазе пензионираниот Дејвид Бекам е 19-ти, а Коби Брајант е на 24-та позиција, исто како и неговата бројка на дресот.

Помеѓу Топ 100 највлијателни славни личности се наоѓаат и Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Јусеин Болт, Дру Брис и Рафаел Надал.