Двата светски фудбалски гиганти со години се владетели во шпанскиот фудбал и ги носат најголемите ѕвезди во своите тимови, но имаат различна политика на градење на своите состави.
„Кралевите" се познати трошајлии кои нудат астрономски суми на пари за најатрактивните имиња кои се нудат на пазарот, додека Барселона костурот на тимот го гради со фудбалери од сопствената академија кои потоа долги години се носители на играта.
Поради тие причини математиките покажуваат дека во последните 10 години Реал Мадрид потрошил 965 милиони евра за засилувања или над 300 милиони повеќе од Барселона која за нови играчи издвоила 648 милиони евра.
Почнувајќи од 2003 година Кралевите го донесоа во своите редови популарниот Дејвид Бекам за сума од 37,5 милиони евра, а ерата со Хуан Лапорта на „Камп Ноу" почна со бразилскиот ас Роналдињо кој дојде од ПСЖ за 32 милиони евра.
Интересно е што токму во таа сезона и покрај бомбастичните имиња во Мадрид и Барселона, ниту една од овие две екипи не успеа да стигне до шампионската титула. Пехарот на крајот го подигна екипата на Валенсија.
Борбата за што посилен тим продолжуваше од година во година. Веќе наредната сезона Флорентино Перез ги купи Валтер Самуел (23 милиони евра), Џонатат Вудгејт (18 милиониевра), Мајкл Овен (12 милиони евра), а Лапорта ги донесе Самуел Ето (27 милиони евра) и Деко (21 милиони евра) кои беа му донесоа трофеј во домашното првенство.
Од сите овие сезони во последната деката во која многу големи фудбалски имиња продефилираа во двете најголеми шпански екипи за издвојување е сезоната 2009/2010 за која Флорентино Перез потроши астрономски 257 милиони евра.
Со неговиот кам бек на претседателската фотеља, на „Сантијаго Бернабе" пристигна Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед за сума од 94 милиони евра, што е се уште најскап трансфер на сите времиња, потоа Кака (65 милиони евра), Чави Алонсо (35 милиони евра) и многу други.
Истовремено на „Камп Ноу" со заминувањето на Самуел Ето кој премина во Интер, како дел од операцијата беше доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во втората сезона за Пеп Гвардиола, а тоа лето Барселона потроши 93 милиони евра.
Во сета оваа финансиска анализа (2003-2013) интересно е да се напомене тоа што двата богати шпански клуба воошто не размислувале на штедење или заработка од продажбата на играчи, па така Реал кој во периодот од 10 години потрошил 965 милиони евра, од продажба заработил 3 пати помалку или поточно 355 милиони. Каталонците пак кои потрошиле 648, во истиот период од продадени играчи заработиле 220 милиони.
Во целата 10 годишна стратегија Барселона со 300 милиони евра помалку потрошени пари се покажала како далеку поуспешна екипа кои освоила вкупно 20 трофеи на сите натпреварувања од кои 3 во Лигата на шампиони, додека Реал Мадрид се радувал 9 пати без ниту еден трофеј во интернационални рамки.