
Штипскиот кардиохирург со огромна пасија кон алпинизмот, историјата ја испиша на 20 јули во 10:44 часот, откако се качи на врвот Гашербрум I во Пакистан, висок 8.080 м.
Врвот означува завршување на последниот предизвик за д-р Сашко Кедев на неговото патување низ највисоките врвови во светот.
Стана првиот алпинист од Македонија кој ги освои сите 14 врвови во светот, високи 8.000 метри.
Дел од експедицијата биле и Ванг Жонг од Кина и шерпасите Дава Гјалје и Нгима Нуру од Непал.
Достигнувањето на Кедев го сместува меѓу најелитните алпинисти во светот.
14-те осумилјадници кои влегоа во неговото портфолио се: Монт Еверест, К2, Канченџунга, Лоце, Макалу, Чо Оју, Даулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II и најновиот Гашербрум I.