Раководството на шпанскиот ракомен клуб се обрати преку соопштение во кое се вели дека поради лошата финансиска состојба донесена е официјална одлука за прекинување на спортските активности на Атлетко Мадрид.
„Недостатокот на спонзорство и логистичка поддршка од јавните инситуции, заедно со неспособноста на дел од високите функционери направија опстанокот на клубот да не може да се обезбеди", стои во соопштението.
Атлетико Мадрид е оформен во 50-тите години, а во периодот од 1952 година до 1987 освои 11 титули во првенството и 10 во шпанскиот Куп.
Ова не е прво згаснување за довчерашниот клуб на нашиот капитен Кире Лазаров кој токму поради финансиски причини мораше да си замине од Мадрид.
Првото фијаско на Атлетко му се случи во 1994 година, па се врати во 2011 под името Сиудат Реал. По новото оформување поради финансиски причини клубот се пресели во Мадрид и уште во првата сезона триумфираше во шпанскиот Супер Куп против Барселона.
Минатата сезона ракометарите на Атлетико стигнаа до финалето од Лигата на шампионите каде беа поразени од Кил, а со ослободувањето на место во ова натпреварување во новата сезона останува да видиме дали токму Металург ќе биде нивната замена.