Карлингот е оној интересен зимски спорт во кој куглата со помош на четка треба да се одведе најблиску до средината на круговите. Оваа зимска активност кој е дел од Олимписките игри од 1998-та година е навидум прост и лесен спорт, без многу спонзори и пари, но очигледно дури и на овие спортисти им требаат дополнителни стимулански.
Канадски репрезентативец Мет Думонтел заработи суспензија од 2 години заради позитивен допинг тест за време на Светското карлинг првенство. Репрезентацијата на Канада на ова првенство го освои сребрениот медал, но тој нема да им биде одземен затоа што Думонтел бил само резерва.
„Преземам целосна одговорност за позитивниот резултат на Светското првенство и им се извинувам на останатите членови на репрезентацијата и на цела Канада", изјави Думонтел.
Малерозниот Думонтел бил само резерва и не настапул на ниту еден натпревар, но ете баш на него му бил направен допинг тест и тој бил позитивен на стероиди.