Непознати навивачи на Лацио најмиле авион кој над Рим ја носел пораката „26.05.13: Во Рим постои само Лацио! Нема одмазда".
Откако пред месец и половина големите градски ривали за прв се сретнаа во финалето од италијанскиот Куп, а „Бјанкочелестите" го кренаа пехарот, навивачите на Лацио на најразлични начини ги тролаат фановите на „Римската Волчица".
Прославата траеше неколку дена низ плоштадите и улиците во Рим, а навивачите на Лацио организираа морбиден настан на кој "ја погребаа" Рома со сите можни обичаи.
Јунакот на римското дерби беше Босанецот Сенад Лулиќ, а навивачите од него побараа наредната сезона да го носи дресот со број 71, поради минутата во која го постигна голот за победа.