Навивачите на Тотенхем дефинитивно не се навикнати на големи трансфери, посебно ако станува збор за засилувања во нивниот тим. Андре Вилаш Боаш летово направи еден трансфер и со тој го урна клупскиот рекорд, но и клупскиот вебсајт.
Бразилецот Паулињо е нов фудбалер на Тотенхем, а англиската екипа за играчот од средниот ред на Коринтијанс му платија 20 милиони евра што е најголема сума потрошена за еден фудбалер во историјата на клубот.
За трансферот на Паулињо се знаеше уште од пред неколку недели, но тој официјално беше комплетиран по завршувањето на Купот на конфедерациите.
Илјадници навивачи на Тотенхем во саботата беа во исчекување на фотографија и информации за новото засилување на официјалната вебстрана на клубот, но тој не ги издржа нив.
Да се надеваме дека Паулињо и неговите соиграчи во новата сезона ќе бидат посилни од серверот на нивниот сајт.