Двајцата славни српски спортисти по полуфиналниот меч на Вимблдон помеѓу Ѓоковиќ и Дел Потро во релаксирано интервју на Би Би Си разговараа за тенисот и фудбалот.
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед ја проследил во живо победата на својот сонародник, а овој му призна како за малку ќе станел член на Црвена Ѕвезда во истовреме додека Видиќ бил во екипата.
„Татко ми беше фудбалер во пониските лиги во Србија па сакаше и јас да се обидам да играм. Кога имав 9 години задоцнив на тренингот на Црвена Ѕвезда, а тоа е клубот за кој навивам и за кој настапуваше Видиќ. Ми рекоа да дојдам во 10 часот, но кога стигнав беше доцна. Потоа татко ми ме праша што сакам да тренирам, а јас му реков тенис", објаснува Ѓоковиќ.
Немања Видиќ се пошегува и му одговори дека погрешил, а рече и дека во иднина би можеле да заиграат заедно.
Инаку Новак Ѓоковиќ неколку пати има одиграно ревијални фудбалски натпревари, а пред две години го облече дресот на својот омилен фудбалски клуб и настапи на хуманитарен меч.