Ултраси ќе спонзорираат германски клуб

Фудбалерите на германскиот четвртолигаш Рот-Вајс Есен на своите дресови наместо спонзор, ќе го носат логото на навивачката група.

Ултрас групата која ги следи натпреварите на Рот-Вајс Есен не само што ќе му дава поддршка на клубот со гласно навивање од трибините, волонтираат при одржувањето на стадионот, а на клубот му пружаат и финансиска помош.

Навивачката група „Ултрас Есен" постои од 2002-та година и тие не само што му даваат безрезервна поддршка на клубот на сите домашни и гостински натпревари, често ги донираат своите финансиски средства во клупската каса, па челниците на клубот на овој начин решија да им се заблагодарат на посебен начин.

Следната сезона наместо спонзор, на централната позиција на клупските дресови на германскиот четвртолигаш ќе биде логото на ултрасите, а навивачите за возврат ќе ги донираат парите од продажбата на реквизити и средствата собрани од сите активности за собирање на донации за клубот кои тие ќе ги организираат во иднина.

10 јули 2013 - 15:22