Очекувавме дека Кевендиш би можел да биде во сериозна неволја по неговиот потег на финишот од вчерашната етапа, но челниците на трката го прогласија за невин. Меѓутоа публиката не му прости така лесно.
За време на денешната етапа на која се возеше индивидуален хронометар од Авранш до Мон Сен-Мишел, публиката го исвирка Кевендиш, дел од нив упатија и погрдни зборови, а еден негов тимски колега на Твитер напиша и дека неодговорни гледачи го испрскале Англичанецот со урина.
Honte quand mon ami @MarkCavendish me dit qu il a été siffle et même arrosé d urine pendant tout le parcours !! C est scandaleux!!!
— jerome pineau (@jejeroule44) July 10, 2013