Навивачите на Њујорк Ред Булс се познати како едни од најнекултурните во МЛС лигата, а посебно се препознатливи по пцуењето на противничкиот голман кога тој изведува по гол-аут. Но челниците на клубот се решени да го променат тоа и да ги задоволат спонзорите и имателите на ТВ правата.
Претставници на клубот им понудиле на нивните три навивачки групи дека ќе им плаќаат по 500 долари од натпревар ако тие се воздржат од пцуење.
Парите ќе им бидат давани во циклуси, односно ќе им бидат исплаќани по 2.000 долари доколку тие не ги пцујат противничките фудбалери на 4 домашни натпревари во серија.
Првичните реакции на навивачите биле позитивни и доколку успеат да се воздржат од пцуење, парите ќе ги употребат за изработкна на нови реквизити.