Двата необични и скандалозни резултати за фудбалски натпревари кои вчера одекнаа како светска вест од пониските лиги во Нигерија веднаш ќе бидат поништени, а клубовите суспендирани од страна на федерацијата на Нигерија.
Нигеријската фудбалска федерација во соопштението напиша дека тоа е најголемиот срам кој до сега се случил во спортот во оваа земја, како и скандал од огромни размери.
„Не знаеме што точно се случило, но веднаш ќе отвориме истрага. Ваков скандал до сега сме немале, а во очекување на понатамошни санкции екипите ќе бидат суспендирани на неопределено време", изјави Муке Умех, претседател на НФФ.
На едниот меч Полис Машин го совлада Бабајаро со 67:0, а Плато Јунајтед го победи Акурбу со 79:0.