При резултат 3:3, капитенот на еден од водечките фудбалски тимови во Канада направи грешка со која им дозволи на противниците од Колорадо да поведат и да го добијат мечот, а тоа го налути еден од навивачите и му се закани на Твитер.
„Се надевам дека твојата фамилија ќе загине во пожар", напиша навивачот, а капитенот му одговори: „Знам дека загубивме и дека направив грешка, но дали го заслужив ова?"
Дејви Арнауд со поддршка на својот клуб случајот го пријави во полиција, а раководството на клубот жесто реагираше и се обрати со соопштение во кое се вели дека ова е сериозен инцидент и кој е недозволив за ниту еден член на екипата.
Монтереал моментално е лидер на табелата во Источната конференција во МЛС лигата, а за него настапуваат италијанските фудбалери Алесандро Неста, Марко Ди Вајо и Матео Ферари. Поддршка за капитенот стигна и од фановите на тимот.