Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Анчелоти има цела армија на помошници

Не бил само Мурињо посебен. Внимавајте сега на италијанскиот стратег кој на „Сантијаго Бернабе" работи со екипа од дури 17 луѓе. Но за разлика од газдата на Кардиф Сити кој молерот го унапреди во скаут, Анчелоти не прави такви киксови и го вработил син му по струка.

Хрватите ја пречекаа Белгија со пијан шофер

Во пресрет на квалификацискиот натпревар за Светското првенство, репрезентативците на Белгија синоќа пристигнаа во Загреб, а домаќините се посрамотија уште од старт.

Ракав за баскет

Вибрадо е ракав кој ги детектира движењата на раката и на кошаркарите преку звучни и вибрирачки сигнали, како и мобилна апликација им кажува каде грешат при шутирање. Ракавов во комбинација со овој баскет и стануваме шампиони на Евробаскет во Украина.

Таџикистанска фудбалска стратегија

Фудбалот во Таџикистан го сфаќаат до толку сериозно што градските власти ја исклучиле струјата и водата во домот на еден фудбалер откако тој дал два гола против локалниот клуб.

Фудбалска акција од учебник

Ова е најдобрата фудбалска акција која ќе ја видите денес, а на неа и љубомори дури и Барселона. Одличната тики-така на уругвајскиот Клуб Насионал на гостувањето кај Ел Танк Сисли беше зачинета со убав волеј удар за победнички погодок во 84-та минута.

Скандал во Премиер лигата сличен на оној во Миравци

Тренерот на македонскиот второлигаш Миравци си поднесе оставка поради тврдењата дека газдата натепал еден од фудбалерите затоа што не му подавал на син му. Сопственикот пак на Кардиф Сити го избрка главниот скаут и на негово место го стави школскиот другар на неговиот син кој работел како молер во клубот.

Нов трик за дриблерите

До Роналдо, Роналдињо, Нејмар и сите останати мераклии за дриблање, 20 годишниот Жано Ананиџе од руската екипа Ростов ви демонстрира нова финта за дуелите еден на еден која вреди да ја пробате. 

Соголениот тренер избега од Левски

Откако синоќа навивачите на Левски го соблекоа и избркаа од прес конференцијата, тренерот Ивајло Петев реши да не го презема кормилото на клубот.

Наследникот на Гигс е спасителот на Дејвид Мојс

По двата гола против Сандерленд со кои направи пресврт и му донесе триумф на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај е најспомнуваното талентирано име во фудбалот. За него почнаа да се борат големите европски екипи, но јунакот од „Олд Трафорд" се очекува да биде иднината на „Црвените Ѓаволи" во новата ера со Мојс.

Најскапото Светско првенство

Светското првенство во 2014-та година ќе остави најголема дупка во џебовите на навивачите и за нив ќе биде најскап Мундијал во историјата.

Офсајд лик: Серж Џехоа

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска можеби го сруши рекордот за најбрз црвен картон по влегување на терен и го заслужи нашето признание за офсајд лик.

Започнува новата сезона во Бизнис Лигата

По четврти пат започнува најелитното натпреварување во мал фудбал - Бизнис Лига на Македонија.

Италијанските навивачки групи во војна со федерацијата

Навивачите на големите градски ривали Интер и Милан се сплотија заедно во протестот против италијанската федерација која ги помеша лончињата околу казните кои се предвидени во случај на расистички навреди на стадионите.

Доста ми беше ќотек

Бразилски ММА борец сред борба реши да избега од рингот за да избегне уште ќотек. Не го обвинуваме. По толку ќотек ние одамна ќе бевме избегани.

Третолигаш продаде најмногу сезонски карти во Грција

Олимпијакос, ПАОК и Панатинаикос паднаа во сенка на третолигашки клуб. Заглавениот во долгови АЕК мораше да го загуби професионалниот статус и да се пресели во трета лига, но не ги загуби своите верни навивачи.

Бледо издание на „Металците“ во Унгарија

Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа далеку под своите можности во втората рунда од новата сезона во регионалното кошаркарско натпреварување. Екипата на Шолнок заслужено стигна до триумф од 81:69.

Студентски гол во стилот на Анри

Напаѓачот Џејмс Марфи кој со ова ремек дело му донесе победа на Универзитетот од Мичиген заслужено се најде во исто видео со Тиери Анри кој му испрати таква бомба на Манчестер Јунајтед пред 13 години. 

Гранде Бобан наполни 45 години

За навивачите на Милан кои се носталгичари по златните денови на еден од најтрофејните италијански клубови, мало потсетување на нивниот миленик со број „10" Ѕвонимир Бобан кој денеска го слави својот 45 роденден.

Металург-ПСЖ најдобар меч на колото

Победничкиот натпревар на македонскиот вицешампион против фаворитот ПСЖ е изгласан за најинтересен натпревар од страна на ракометните фанови.

Ред Бул доминира во Формула 1 со помош на супербрз интернет

За успехот на Ред Бул во Формула 1 не се заслужни само возачите и механичарите, туку и тим на инжинери одалечен на илјадници километри кој анализира стотици гигабајти на информации за време на трката.

Акробација на денот

И Кинезите изненадија со атрактивен погодок кој заслужува да се погледне неколку пати, но ремек делото беше на непознат бразилски фудбалер по име Алекс Мајолино.

Највлијателните луѓе во фудбалот

Фудбалот стана глобален бизнис и тоа ни е веќе јасно со години наназад, а зад него се кријат големи моќници кои носат клучни одлуки во овој спорт, други вртат милиони евра од трансфери или тв права, а некои се дел од играта која за брзо време ги збогатува.

Париз домаќин на Геј игрите

Градот Париз ги доби правата за организација на спортските игри на хомосексуалците во 2018-та година.

Премногу играње ФИФА не е на арно

Некои тренери забрануваат секс пред натпревар, некои забрануваат алкохол, Паоло ди Канио забрани лед во Кока Кола и кечап и мајонез, а тренерот на англискиот третолигаш Лејтон Ориент на своите фудбалери им забрани да играат ФИФА 14.