Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Спектакуларни ножички

Бразилецот Камило Санвезо од Ванкувер на натпреварот од МЛС лигата против Портланд го постигна еден од најубавите голови виден на северноамериканско тло.

Перо Антиќ дебитираше за Атланта

Првиот Македонец во НБА лигата, Перо Антиќ го имаше своето деби за Атланта Хокс. Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија одигра 15 минути на првиот претсезонски натпревар и тоа против шампионот Мајами.

Трансформација на стадион

Вработените на „Оукленд колосеум“ имаа тешка задача да трамсформираат цел стадион од бејзбол во рагби стадион за само 20 часа. Еве како тоа изгледа во две минути.

Со шпиунажа до триумф по точно 10.353 дена

Повратникот во Бундес лигата Ајнтрахт Брауншвајг конечно го скрши малерот и го прекина постот од шест порази и едно реми во првенството. За нив ова е првата радост во најсилната германска лига која не ја почуствувале од 1985 година.

Болидот “пируета“ повреди 13 луѓе

На Инди Кар во Хјустон викендов беше опасно во живот. И покрај заштитната ограда, четирикратниот првак Дарио Франкити се судри со друг болит, леташе во воздух и повреди дури 13 гледачи. Шкотскиот возач го скрши зглобот има потрес на мозокот и се здоби со неколку повреди на р`бетот.

За еден играч на СП 2014 ќе се плаќа 2800 долари дневно

Светската куќа на фудбалот наредната година на Светското првенство во Бразил ќе треба малку повеќе да го одврзе ќесето за учесниците за разлика од минатиот Мундијал. За сите играчи кои ќе настапат на светскиот фудбалски шампионат на клубовите ќе треба да им плати вкупно 70 милиони долари.

Богатството во гаќите на Кантона

Легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона ќе биде еден од актерите во франциска еротска комедија, а тој ќе го глуми ликот со име „Пастувот".

Моментите кои го одбележаа НРЛ финалето

Викендов се одржа завршницата од Националната Рагби Лига на Австралија, а финалниот натпревар ќе остане запаметен по два моменти.

Кастратовиќ се раздели со Вардар

По краток престој црногорскиот стратег Зоран Кастратовиќ е сменет од кормилото на македонскиот ракометен шампион Вардар.

Како ранетата римска волчица се врати на врвот во Италија

Никој не очекуваше ваков развој на настаните во Италија. Рома е на првата позиција со максимален ефект по седум одиграни кола, а викендов изненади и со демолирањето на Интер среде Милано. Ова е приказната за човекот кој ја направи римската револуција.

Надал се искачи на врвот

И покрај вчерашниот пораз од Новак Ѓоковиќ на финалниот Мастерс меч во Пекинг, најдобриот шпански тенисер се најде на првата позиција на најновата АТП листа.

Македонците најуспешни на ултрамаратонот

Претставници од Македонија освоија неколку награди и рушеа рекорди на ултрамаратонот кој викендов се одржа во Белград.

Реал Мадрид испрати рекламација за Бејл

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез испрати писмо до Европскиот центар за заштита на потрошувачите во кое тој се жали оштетената роба која ја добил од Англија.

Малку поинаков Марадона

Жалиме што со оваа фотографија ќе ги разочараме фановите на Диего Армандо Марадона, како и оние што денес планираа да јадат грозје за ужина.

Пандев за три минути стрелаше против Ливорно

Откако на вчерашните средби од Бундес лигата Николче Новески го спаси Мајнц од пораз во последните секунди, уште еден наш репрезентативец, капитенот Горан Пандев се запиша во листата на стрелците на мечот против Ливорно.

Фетел ја освои Кореја

Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел триумфираше и на патеката во Јеонгам и на пет трки до крајот го зголеми водството пред Алонсо на 77 поени.

Новески спасувач на Мајнц

Нашиот стандарден репрезентативец Николче Новески кој веќе 9 години е дел од бундеслигашот Мајнц го спаси својот тим од пораз во последните секунди од натпреварот против Хофенхајм. Мајнц пред своја публика имаше негатива од 2:0 се до 82 минута, а по голот на Мотинг, израмнувачкиот погодок за 2:2 го постигна нашиот дефанзивец кој по изведениот корнер се најде на вистинското место во 93 минута.

Катарците купуваат и фудбалски споменици

Откако си купија Светско првенство, фудбалски легенди, клубови, тренери и играчи, Катарците почнаа да купуваат и фудбалски статуи. Познатата „Удар со глава" статуа на Зидан и Матераци се пресели во Доха.

Тикет на колото

Веќе неколку недели наназад нашиот тикет паѓа само за гол-два, па за овој викенд решивме да го скратиме изборот само на најсигурните четири типови и да го разбиеме малерот.

Голови на неделата

И оваа недела уредниците на TVGOLO имале многу тешка задача при изборот на најубавите голови. Ова се најдобрите десет од изминатите седум денови.

Пипан и Унион Олимпија “потопени“ во Борис Трајковски

Маестрален премиерен меч за кошаркарите на МЗТ Скопје во новата сезона од АБА лигата. Словенечкиот шампион Унион Олимпија беше тотално надигран во текот на целиот натпревар од шампионот на Македонија кој оствари висок триумф од 79:60.

Наполитанците ќе го “реновираат“ демолираниот паб

Навивачите на Наполи склучија примирје со сопственикот на пабот кој настрада од 30 ултраси пред натпреварот Арсенал-Наполи во рамките од Лигата на шампионите. Тие ќе собираат пари за направената штета.

Руски фотељи за Тотенхем

Екипата на Анжи поради конфликтот во Република Дагестан не може да ги игра натпреварите во својата земја, па затоа патува речиси 2000 километри и ги пречекува гостинските екипи на стадионот „Сатурн“. Но таму очигледно како да се работи за друга планета, па наместо во стандардна соблекувална, фудбалерите на Тотенхем вчера ги сместија во малку поинаков амбиент.