Рафаел Надал стигна до првото место на АТП листата затоа што на овој турнир во Пекинг каде освои 600 бодови не ги бранеше бодовите од минатиот турнир на кој поради повреда не ни учествуваше, за разлика од Ѓоковиќ кој го освои лани го освои турнирот.
Шпанскиот тенисер до сега два пати беше најдобар тенисер во светот и успеа да се задржи на челната позиција вкупно 102 недели, една повеќе од Србинот кој се до денеска беше прв. Лидерската позиција Надал најпрвин ја освои во 2008 година каде се одржа 46 недели, а по две години му го превзема првото место на Федерер и остана прв 56 недели.
По долгата пауза од седум месеци Надал имаше фантастичен кам бек и успеа од 14 финалиња да победи на 10. Во новата сезона тој освои два Грен слем турнири и пет Мастерси.
АТП Топ 10:
1. Рафаел Надал 11.160
2. Новак Ѓоковиќ 11.120
3. Енди Мареј 6.895
4. Давид Ферер 6,710
5. Хуан Мартин дел Потро 4.925
6. Томаш Бердих 4.610
7. Роџер Федерер 4.515
8. Станислас Вавринка 3.150
9. Жо-Вилфред Цонга 3.115
10. Ришар Гаске 3.095